Расте бројот на жртви во Манчестер

Најновите извештаи за терористичкиот напад во Манчестер по концертот на поп ѕвездата Аријана Гранде велат дека се убиени 22 лица, а над 50 се повредени. Меѓу настраданите има и деца.

Експлозијата одекнала синоќа околу 22:30 часот само неколку минути откако американската ѕвезда ја напуштила сцената.

Шефот на манчестерската полиција Јан Хопкинс утрово изјавил дека напаѓачот кој ја активирал бомбата, исто така загинал и дека тој сам го извел нападот, пренесува Guardian.

Се претпоставува дека тој „носел импровизирана експлозивна направа“ и дека истрага ќе утврди дали тој бил дел од некоја терористичка мрежа.

Британските медиуми наведуваат дека досега никој не ја презел одговорноста за нападот, но дека истиот можеби бил најавен преку социјалните мрежи.

Очевидци велат дека експлозијата одекнала додека луѓето ја напуштале „Манчестер арена“ по што настанал вистински хаос.

„Беше тоа голема експлозија, можевте да ја почувствувате во коските. Беше хаотично. Сите трчаа и врескаа и единствена цел им беше да излезат надвор“, изјавија за агенцијата Reuters, Кетрин Мекфарлајн.

Британските политички партии се согласиле да ги прекинат предизборните кампањи воочи изборите кои треба да се одржат на 8.јуни.

Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, изјавила дека властите работат на утврдување на деталите за експлозијата која се смета за „терористички напад“.

Доколку ова се потврди тогаш се работи за најсмртоносен терористички напад на територијата на Велика Британија од јули 2005 година кога четворица британски муслимани убија 52 лица во бомбашките напади во лондонското метро.

Премиерката Меј во 9 часот ќе одржи итен состанок со владата и преставниците на специјалните и антитерористичките единици.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе