Како што велат од полицијата, вчера околу 22 часот во Скопје на улица Христо Татарчев во спортската обложувалница „Златна копачка“ засега непознато машко лице со закана со пиштол од вработениот одзел околу 100.000 денари, по што го напуштил местото на настанот.
Од полицијата велат дека е извршен увид на самото место и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.