Разорен земјотрес во Италија, најмалку шестмина загинати

Силен земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала, синоќа ја погоди централна Италија. Според првичните информации најмалку шест лица загинале.

Земјотресот чиj епицентар бил на 10 километри од Пескара и на само 126 километри од италијанската престолнина Рим, каде потресите исто така биле почувствувани, најтешко го погодил малиот град Аматриче, каде неколку згради се целосно разурнати.

Градоначалникот на овој мал град, кој брои 2.700 жители, веднаш побарал помош од секторот за цивилна заштита.

„Се обидувам да стапам во контакт со надлежните. Градот повеќе не постои“, рекол градоначалникот за италијанските медиуми. Канцеларијата на премиерот Матео Ренци соопшти дека веднаш била испратена потребната механизација и опрема.

Земјотресот се случил во 3:36 часот и бил почувствуван во цела централна Италија. Во земјотресот најтешко се погодени малите градови Аматриче и Акумоли. 

Аматриче е град кој повеќе не постои, низ солзи рекол градоначалникот на ова мало место во централна Италија, Сергио Пироци, откако овој дел од регионот Лацио, изминатата ноќ беше погоден од разорен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала.

Аматриче е место во провинцијата Ријети, во италијанската покраина Лацио, се протега на 174 км2 и според извештаите од 2011 година има околу 1.000 жители, чија судбина по земјотресот е непозната.

Градоначалникот за државното радио RAI и телевизијата Sky TG24 изјавил дека жителите се затрупани под рушевините, дека нема струја и дека итно е потребна тешка опрема за да се расчистат урнатините од улиците.

Истото подрачје во 2009 година го погоди земјотрес со магнитуда 6,3, во кој загинаа повеќе од 300 луѓе. Во оваа област во 1997 година во земјотрес загинаа десетици луѓе и тешко е оштетен еден од бисерите на Умбрија, базиликата на Свети Фрањо Асишки, со фреските на Ѓото.

Малиот град Аматриче датира уште од старата ера и во себе чува големо археолошко богатство (згради уште од римскиот период и гробници). По падот на Западното Римско царство, градот паднал под власта на Лонгобардите, додека во 13-от век бил дел од Неаполското кралство.

Жителите на Аматриче во 14-от и 15-от век често влегувале во конфликт со соседите од Норче и Арквата, места кои исто така се погодени од земјотресот.

Нешто подоцна власта во местото ја имале прочуените семејства Орсини и Медичи, а по обединувањето на Италија 1861 година станува дел од провинцијата Лацио.

Аматриче еднаш веќе бил уништен во разорен земјотрес во 1639 година, а овој регион беше погоден и од силниот земјотрес во 2009 година кога настрадаа повеќе од 300 луѓе.

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=uo2NPcfq5TY]

 

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе