Река прв, Силјановска втора, Пендаровски трет на гласачкото ливче

Скопје, 22 март 2019 (МИА) – Кандидатот на албанската опозиција за престојните претседателски избори Блерим Река ќе биде прв на избирачкото ливче, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова, а трет е кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски.

Во Државната изборна комисија денеска беше спроведено жребувањето за редоследот на кандидатите за претседател на гласачкото ливче. Бројчињата ги влечеа претставниците на нивните изборни штабови, кои исто така потпишаа Кодекс за коректно однесување на престојните избори со цел да има коректен натпревар меѓу сите учесници.

Членот на ДИК, Борис Кондарко упати апел до кандидатите да се придржуваат кон членот 68 од Изборниот законик, во кој е детално дефинирано што се се подразбира по кампања, од која тие треба да се воздржуваат до нејзиниот официјален почеток, на 1 април.

Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски потсети дека вчера комисијата донела заклучок за потврдување на кандидатите кои ќе учествуваат на изборите, откако беше утврдена регуларноста на нивните кандидатури и нагласи оти тоа значи дека тие и официјално се во изборната трка.

Во понеделник ќе се спроведе ждребувањето за редоследот на кандидатите за градоначалници на Охрид, Ново Село и Дебар.

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Македонија

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Read more

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Read more

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Read more

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Read more
 

Вести

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Читај повеќе

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Читај повеќе
  • play_arrow

Од понеделник XXIV Недела на италијанскиот филм

Читај повеќе

Гостување на полски автори по повод Месецот на полската литература во библиотеката Браќа Миладиновци

Читај повеќе
  • play_arrow

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Читај повеќе

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Читај повеќе
  • play_arrow

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Читај повеќе

Сообраќајка меѓу 3 возила во Скопје, повредени 4 лица

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

Читај повеќе