Резултати од државна матура: Средната оценка е 3,78 и е повисока од лани

Првичните резултати од двата екстерни испита од годинашната државна матура се пратени до училиштата, а денеска напладне ги објави и Државниот испитен центар (ДИЦ) и секој кандидат може да ги види електронски со најава на http://rezultati.dic.edu.mk.

– Средната оценка на екстерните испити од прелиминарните резултати е 3,78 и е повисока во однос на минатата година кога изнесуваше 3,61, информира ДИЦ кој резултатите ги објави 12 дена порано од законскиот рок.

Следува период на приговори – заклучно со 5 јули учениците може да поднесуваат приговори во училиштата. Резултатите од приговорите ДИЦ ќе ги објави на 11 јули. Увидот во тестовите лично од  кандидатите ќе биде на 13 јули во ДИЦ со претходна најава и закажување термин телефонски на 12 јули.

За дополнителни информации матурантите може да се информираат од училишните матурски комисии во своите училишта и на www.matura.gov.mk.

Државната матура оваа година се реализира во согласност со договорот со средношколците, односно два екстерни, два интерни предмети и проектна задача и скратени испитни програми.

Првиот екстерен и задолжителен испит – Мајчин јазик и литература (македонски, албански или турски јазик) кандидатите го полагаа на 4 јуни, а на 13 јуни го полагаа вториот екстерен испит, кој е изборен од предметите математика, странски јазик (англиски, француски, германски или руски), естетика и филозофија.

За полагање на државната матура во јунската сесија беа пријавени 15.899  кандидати (7.135 од гимназии,  8.504 од стручни и 260 од уметнички училишта).

Матурантите кои не ја положиле државната матура или не во целост, ќе имаат втора можност во августовската сесија кога двата екстерни испита ќе се полагаат на 10 и 12 август. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе