РКЕ бара БЕГ да ги сторнира зголемените сметки за парно за август

Скопје, 1 септември 2022 (МИА) – Единствена причина за зголемувањето на сметките за топлинска енергија што ги добија граѓаните за август е тоа што во нив не е вкалкулирана субвенцијата која што ја дава Владата за потрошувачите на топлинска енергија во Градот Скопје и од тие причини се значително зголемени, порача денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски и додаде дека сметките се зголемени за 40-тина проценти.

Тој на прес-конференција посочи дека РКЕ бара БЕГ да ги сторнира сите сметки коишто се испратени до потрошувачите и да се изготват нови сметки во коишто ќе биде вкалкулирана субвенцијата која што ја добиваат граѓаните од страна на Владата. За оние граѓани кои веќе ги платиле сметките рече дека ќе им биде вратена разликата во сумата во наредните сметки без разлика дали дејноста ќе ја врши БЕГ или некоја друга компанија.

-Средства во Буџетот на државата се обезбедени. Исто така, има одредена одлука која што е донесена веќе еднаш. Доколку е таа со изминат рок ќе се донесе нова одлука со која што уште еднаш ќе се потврди дека потрошувачите на топлинска енергија во Градот Скопје ќе ги добијат субвенциите, рече Бислимоски.

Нагласи дека е невообичаено сметките да се испраќаат на 30 и 31 август , бидејќи месецот не бил се уште завршен. Потенцира дека БЕГ треба да ги сторнира и да бидат изготвени нови сметки во коишто ќе биде вкалкулирана и субвенцијата која што ја дава Владата за потрошувачите на топлинска енергија во Градот Скопје.

-Сметам дека немало потреба да се испраќаат сметки на 30 и 31 август. Не мие јасно зашто од БЕГ не не информирале за тоа и треба да ја исправат грешката што ја направиле со сторинирање на фактурите и граѓаните да добијат сметки за топлинска енергија како што беше договорено, посочи Бислимоски.

Прашан дали е точна информацијата дека не не набавен гас за потребите на загревањето на скопјани кои се приклучени на централно греење, претседателотна РКЕ рече дека има информации оти компанијата што планира да го преземе снабдувањето со топлинска енергија е во комуникација со најголемиот трговец со природен гас во земјава за да го обезбеди овој енергенс за потребите на домаќинствата.

-Со оваа цена на природен гас која минатата недела беше 3.500 долари за нормален кубен метар, а деновиве има тренд на намалување ако може тоа да се каже и сега чини 2.600 долари треба сериозно да се размисли дали ќе постои и опција со мазут доколку цената е висока. Верувам дека ќе биде обезбеден гас, а и ТЕ-ТО ќе работи во септевмри, рече Бислимоски.

Нагласи дека ТЕ-ТО мора да работи во грејната сезона бидејќи цената што ја дава за греењето е за 60-тина проценти пониска од  цената на топланите, а плус тоа се обезбедува и да нема агадување во градот Скопје.

-Работењето на ТЕ-ТО во делот на електричната енергија е неопходно во зимските месеци од технички аспект за да ги стабилизра напонскит еприлики во мрежата. Според мене, не постои опција ТЕ-ТО да не работи во текот на змеиските месеци, потенцира Бислимоски и додаде дека веќе е прогласена кризна сиосотјба во енергетиката и државата ќе најде начин за да функционира системот за топлинска и за електрична енергија.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Read more

Времето денеска сончево и потопло

Read more
 

Вести

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе