Роберт де Ниро продолжува да пцуе на ТВ и додава: Трамп е како гангстер

Холивудскиот актер Роберт де Ниро смета дека американските демократи немаа друг избор освен да отворат истрага за импичмент за претседателот Доналд Трамп.

„Ова мораше да се случи“, рече Де Ниро во емисијата „Reliable Sources“ на CNN Business со Брајан Стелтер.

Тој додаде дека актуелната политичка ситуација во земјата е „кризна“ и дека премногу луѓе се превнимателни и благи во врска со тоа.

Два дена претходно, Де Ниро беше на Филмскиот фестивал во Њујорк каде неговиот најнов филм „The Irishman“ имаше премиера и на црвениот тепих за настанот даде изјава за Variety во која рече дека се надева дека ќе има импичмент за Трамп.

Ненси Пелоси, спикер на Претставничкиот дом на САД, минатата недела соопшти дека се отвора официјална истрага за импичмент на Трамп откако „свиркач“ дојави дека претседателот на САД извршил притисок врз лидерот на Украина да отвори истрага за синот на претседателскиот кандидат на демократите Џо Бајден.

Де Ниро е гласен и директен критичар на Трамп и неговите политики во изминативе години. Сепак, легендарниот холивудски актер не е сигурен дека Трамп сам би се повлекол од функцијата.

„Мислам дека не е способен да си даде оставка. Ќе вика дека сѐ е наместено или нешто слично. Денот откако беше избран, реков ајде да му дадеме шанса. Не се знае. Ќе видиме. Ама полош е отколку што некогаш сум можел да замислам“, рече Де Ниро.

Но, коментарите на Де Ниро за Трамп не се баш најдобро прифатени од симпатизерите и поддржувачите на претседателот.

Во неговиот говор лани на доделувањето на наградите Тони, актерот два пати рече „Кој го е*е Трам“, на што присутните реагираа со овации, Fox News со критики.

„Кој ги е*е нив, кој ги е*е“, му одговори Де Ниро на Стелтер за критиките кон него од Fox News, а потоа театрално се извини што пцуеше.

Кога Стелтер го праша зошто користи пцовки за да ја докаже поентата, Де Ниро се оправда велејќи: „Типот е како гангстер“ и „се наоѓаме во ужасна ситуација“.

Тој исто така додаде дека „Fox Newsсе одоговорни што го помагаат Трамп“.

Најновиот филм на Де Ниро, „The Irishman“, во режија на Мартин Скорсезе, ќе има кинопремиера на 1 ноември, а на Netflix ќе биде достапен на 27 ноември.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Читај повеќе

Почнува Евровизија, преставничката на Израел не излегува од хотелската соба

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе