Роналдо му порача на Реал: Паметно би било да ми го продолжите договорот

Кристијано Роналдо ги демантира шпекулациите околу можниот трансфер во ПСЖ или Манчестер Сити, со напомена дека кариерата ќе ја заврши во мадридски Реал.

„Ќе видиме дали ќе го продолжиме договорот по завршувањето на сезоната. Реал би направил добар потег доколку го продолжи мојот договор. Сакам да останам овде“, рекол Роналдо во клупскиот камп, кој се наоѓа во северниот дел на Мадрид.

„Имаше добри и лоши моменти. Пред четири години не бев среќен, сега сум задоволен и не гледам дека некој тим е подобар од Реал. Останатите клубови нека ме заборават“, дополнил Португалецот.

Роналдо има договор со Реал до 2018 година, а оваа сезона има постигнато 47 голови на 51 одиграни натпревари.

„Се поистоветувам со Зинедин Зидан. Тој е паметен човек, не зборува многу, но многу позитивно делува на тимот. Се надевам дека ќе ја освоиме Лигата на шампионите и дека тој ќе остане тренер и во наредните сезони. Како тренер нема искуство, но добро го пробива својот пат“, рекол Роналдо.

Во сабота, Реал против Атлетико ќе игра во финалето во Лигата на шампионите.

„Би бил неуспех ако не ја освоиме Лигата на шампионите. Ако победиме сезоната ќе биде одлична, ако загубиме ќе биде промашување. Но ќе победиме. Ќе биде тоа врв на сезоната“, заклучил Португалецот.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе