Рудар рок фест 2023 низ објектив
Во петокот вечерта во Пробиштип по 9-ти пат се одржа фестивалот Рудар рок фест.
Настапија младиот хард рок бенд „ПрекуРед“, прогресив-рок бендот „Беседа“, единствениот македонски хулигански рокенрол бенд „Прв Ред“, скопскиот кавер бенд „Ashborn“, ветераните на алтернативниот рок „Ласт Експедишн“, а вечерта до 3 и кусур по полноќ ја затворија металците од „Мамут“.
Фото: Филип Здравески (Кајгана)