Русија повлече 30 авиони од Сирија

Русија повлече уште 30 борбени авиони од Сирија, вклучително и сите „Су-25“,  објави руското Министерство за одбрана, предупредувајќи дека затишјето во северната покраина Алепо, што требаше да започне на 3 мај, го загрозуваат нападите на џихадистичката група Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда.

„Планирано е привременото примирје во Алепо и неговите предградие да трае 24 часот и да се продолжи за уште за уште два дена“, изјави портпаролот на руското министерството за одбрана, Игор Конашенков.

Опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон, објави дека повеќе десетици луѓе загинале во бунтовничките бомбардирања на болница и родилиште во западен Алепо, квартови кои се под контрола на силите на претседателот Башар ал-Асад, како и во борбите меѓу сунтиските бунтовнички сили и владината војска, додека областа Источна Гута источно од главниот град Дамаск по истокот на примирјето е под воздушни удари.

SOHR и борците од двете страни даваат спротивни изјави за исходот од борбите кои започнаа рано во вторникот во областа на западно Алепо. Бунтовниците велат дека успеале да преземат дел од територијата под контрола на армијата, додека сириската и руската команда јавија дека нападите се одбиени.

Директорот на SOHR Рами Абделрахман тврди дека десетици луѓе се убиени на двете страни, во, како што истакнува, најинтензивните борби во последната година дена. Владините сили притоа, потврдија дека ја имаат поддршката од локалните милиции и од либанското шиитско движење Хезболах.

Областа источно од Дамаск, која е под контрола на бунтовниците, но не се прецизира за кои бунтовнички групи станува збор, е под воздушни удари откако затишјето што го прогласи владата истече на полноќ.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе