Русија: Уапсена Белорусинка која тврди дека ги знае „тајните на Трамп“

Москва, 18 јануари 2019 (МИА) – Руската полиција ја уапси манекенката и ексорт дама од Белорусија, Анастасија Вашукевич, која го привлече вниманието со тврдењето дека има информации за руско мешање во изборите во САД во 2016 година, на кои победи актуелниот американски претседател Доналд Трамп.

Како што јавија руските медиуми, Белорусинката била уапсена во Москва, веднаш по нејзиното пристигнување од Тајланд, од каде беше протерана поради проституција.

Вашукевич, позната под псевдонимот Настја Рибка, лани во февруари беше уапсена во тајландскиот град Патаја, заедно со уште девет странски државјани, под обвинение дека држеле „курсеви по секс“.

Руските власти засега не го потврдија апсењето на Вашукевич, но медиумите повикувајќи се на изјави на очевидци, наведуваат дека таа била уапсена на царинската контрола на аеродром во Москва, веднаш по пристигнувањето од Тајланд.

Вашукевич го привлече вниманието на јавноста со тврдењата дека му пружала ескорт услуги на рускиот олигарх Олег Дерипаска, кој бил близок пријател со поранешниот шеф на изборниот штаб на Трамп, Пол Манафорд, при што била сведок на наводна помош од Кремљ за американскиот претседател пред изборите, за што наводно поседува и снимки.

Таа не обелодени за каква „помош“ станувало збор, а многумина ја обвинија дека со таквите тврдења само сака да привлече внимание на себе.

Вашукевич е исто така авторка на книга во која објаснува како треба да бидат заведувани богати мажи.

Обвинувањата на Вашукевич за руска помош при изборот на Трамп беа демантирани и од Москва и од Вашингтон.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе