Русија забрани извоз на воена опрема за 40 земји, меѓу нив и Македонија

Руската Влада до крајот на 2023 година воведе забрана за извоз на воена опрема, оружје и летала, вклучително и на хеликоптери Ми-2, Ми-8, Ми-17 и Ми-26, за 40-тина земји, меѓу кои е и за Северна Македонија.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, во одлуката објавена на официјалниот портал за правни информации на руската Влада, се наведува дека од Русија не смеат да се извезуваат ракетни-носачи, гориво за нив и компоненти на гориво, беспилотни летала кои можат да летаат повеќе од половина час, теренски камиони со најмалку три оски и мотор со волумен од најмалку 10 литри и теренски оклопни возила тешки повеќе од пет тони.

Според белградски „Вечерње Новости“, забраната се однесува и на разни патрони и експлозиви, уреди за ноќно гледање, микроелектроника, оптички нишани, термовизори, далечинометри, електровакуумски уреди за воена радио опрема, средства за заштита од огнено оружје и шрапнели, како и оклопни елементи за нив.

На списокот на земји во кои не смеат да се извезуваат споменатите производи покрај Северна Македонија, се и членките на Европската унија и НАТО, како и Австралија, Андора, Лихтенштајн, Микронезија, Монако, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Сан Марино, Сингапур, Тајван, Украина, Швајцарија и Јапонија. 

реклама

Подобрете го вкусот на палентата со додавање на една состојка

Read more

Нова ера на плаќање во црквите: Верниците сега можат да донираат со картички и телефони

Read more

Како правилно да го исчистите кожниот мебел и да му го продолжите векот на траење?

Read more

Руски астролог предвидува на кои хороскопски знаци им претстои финансиски успех

Read more

Свет

Бундесбанк: Германската финансиска стабилност е во опасност

Read more

Руски војник осуден на доживотен затвор за убиство на украински воен заробеник

Read more

Трамп: Ќе видиме како еден комунист ќе го води Њујорк

Read more

Boeing постигна спогодба со семејствата на жртвите од падот на 737 MAX

Read more
 

Вести

Бундесбанк: Германската финансиска стабилност е во опасност

Читај повеќе

Руски војник осуден на доживотен затвор за убиство на украински воен заробеник

Читај повеќе

Утре променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Со букет цвеќе Ѓорѓиевски ја испрати Арсовска и ја презеде градоначалничката функција

Читај повеќе

Утре без вода дел од улица во скопски Карпош

Читај повеќе

МВР апелира: Шест лица го загубија животот за четири дена во сообраќајни несреќи, оставете го мобилниот додека возите

Читај повеќе

Лога: Македонија е единствената земја во Европа која сѐ уште нема биометриски лични карти

Читај повеќе

Вештачката интелигенција го менува пазарот на труд

Читај повеќе

Трамп: Ќе видиме како еден комунист ќе го води Њујорк

Читај повеќе