Русија: Западот поттикнува нова Студена војна

Највисоките руски безбедносни и одбранбени функционери го обвинуваат Западот за поттикнување на нова Студена војна.

Како што пренесуваат светските медиуми, рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, истакнува дека НАТО ја користи „непостоечката руска закана за да си го засили својот воен потенцијал“ и да ги зголеми своите сили во близина на границите со Русија.

Односите помеѓу Русија и Западот паднаа на најниско можно ниво од периодот на Студената војна, откако Русија го анектираше Крим и ги поддржа проруските сепаратисти во источна Украина.

Сепак, тензиите ескалираа овој месец, откако поранешниот контрашпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија беа пронајдена без свест во Солсбери на 4 март.

Веднаш по тој инцидент, Велика Британија излезе со соопштение дека тие се отруени со нервен отров и за тоа ја обвинија Русија, која ги отфрли сите обвиненија, што понатаму доведе до масовно протерување на дипломати меѓу Западот и Русија.

Директорот на руската Надворешна известувачка служба, Сергеј Наришкин, денеска изјави дека врз основа на акциите кои против Русија ги презема Вашинготон, веќе е возможно да се зборува околу враќање на ерата во Студената војна.

„Вашингтон стана опседнат во борбата против нешто непостоечко, односно таканаречените руски закани, кои јас не ги гледам. Ова достигна такви размери и доби толку апсурдни карактеристики, што веќе дури е возможно да се зборува и за враќање во мрачниот период на Студената војна“, изјави Наришкин во своето обраќање на безбедносната конференција во Москва.

Некогашниот двоен руски агент, полковник на Руската воена известувачка служба, Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, беа отруени со нервен гас на 4 март во британскиот град Солсбери.

Тие се префрлени во болница и од тогаш се во критична состојба.

Викторија Скрипал, внука на Сергеј Скрипал, изјави дека шансите за преживување на Сергеј и Јулија се многу мали.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе