Руската полиција уапси пијан човек кој киднапирал авион

Руската полиција уапси пијан човек кој му се заканувал на членовите на екипажот на патнички авион што летал од сибирскиот град Сургут кон Москва, присилувајќи ги да го спуштат авионот веднаш по полетувањето.

Руската истражна комисија соопшти дека човекот го информирал екипажот на Аэрофлот дека е вооружен и побарал пренасочување на летот веднаш откако авионот полетал од Сургут. Авионот слетал во градот Канти-Мансијск, околу 230 километри западно од првичната локација.

Авионот стоел на пистата на аеродромот во Канти-Мансијск повеќе од еден час, додека пристигнала полицијата. Аеродромот е евакуиран.

Компанијата Аэрофлот соопшти дека никој не е повреден.

Истражувачката комисија, пак, соопшти дека човекот е идентификуван како жител на Сургут, кој и претходно бил казнуван поради нанесување штети на имот, а сега се соочува со обвинение за киднапирање.

реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе