Руски воени бродови пристигнаа во Венецуела

Макфакс/Кајгана
/ 03.07.2024 / 08:47

Група руски воени бродови од Северната флота синоќа пристигнаа пред венецуелскиот пристаништен град Ла Гуајра, соопшти руската државна агенција РИА.

Танкерот „Академик Пашин“ во венецуелските води; Фото: РИА Новости

Во групата бродови спаѓаат руската нуклеарна подморница „Казань“, фрегатата „Адмирал Горшков“, танкерот за снабдување „Академик Пашин“ и спасувачкиот шлеперот „Николай Чикер“. Тие влегоа во венецуелското пристаниште „како дел од долго патување“, објави РИА без да ги прецизира причините за влезот.

Станува збор за истата група бродови кои на 12 јуни влегоа во пристаништето во Хавана, откако одржаа обука за ракување со „високопрецизно ракетно оружје“ во Атлантскиот Океан. Тие останаа во кубанските води до 17 јуни.

Кубанската војска тогаш изјави дека посетата на руските воени бродови е „строго во согласност со меѓународните прописи“ и дека е знак за „историско пријателство“ меѓу Хавана и Москва.

Невообичаеното распоредување на бродови на руската морнарица толку блиску до САД – особено моќната нуклеарна подморница – доаѓа во време на зголемени тензии околу војната во Украина, каде што владата поддржана од Запад се бори против руската инвазија.

реклама

Наместо 15 години работен стаж, да се добива пензија со 5 години работно искуство, предложија пензионерите

Read more

Топ 5 најдобри половни автомобили до 5.000 евра

Read more

Симптом на рак на простата што мажите често го игнорираат

Read more

Дали ги имате овие 3 среќни броеви во датумот на раѓање?

Read more

Свет

Орбан и Путин се сретнаа, разговараа за Украина

Read more

Кој е Кир Стармер, новиот британски премиер?

Read more

Нов гаф на Бајден: Горд сум што сум првата црна жена...

Read more

Путин: Никогаш не би се согласил на примирје без одредени предуслови

Read more
 

Вести

Орбан и Путин се сретнаа, разговараа за Украина

Читај повеќе

Заврши сослушувањето на новите сведоци во истрагата за убиството на Данка Илиќ

Читај повеќе

Лежалките во прв ред до море во Грција и до 60 евра

Читај повеќе

Таравари ќе бара мораториум за одредени специјализации за да се стимулираат онколози и патолози за кои има недостиг

Читај повеќе

Во кои училишта се препишувало најмногу на полагањето државна матура?

Читај повеќе

Кој е Кир Стармер, новиот британски премиер?

Читај повеќе

Нов гаф на Бајден: Горд сум што сум првата црна жена...

Читај повеќе

Мицкоски најави нова инвестиција со која ќе бидат вработени над 110 граѓани

Читај повеќе

Путин: Никогаш не би се согласил на примирје без одредени предуслови

Читај повеќе