САД меѓу две зла: Некаде -45°C, некаде рекордно високи температури

Зимско невреме ги погоди САД, поради што бизнисите и училиштата се затворени низ Јужна и Северна Дакота, Минесота и Висконсин поради снежни виулици. Речиси 5.000 американски летови се откажани денеска, јавува BBC.

Додека околу 75 милиони луѓе во 29 држави се под предупредување за зимско време, се предвидува дека делови од источниот дел на САД ќе доживеат рекордно високи температури.

Метеоролозите предвидуваат силни налети на ветер чија брзина ќе достигне 80 км/час, додека поради студениот ветер во некои делови на САД температурите би можеле да паднат и до -45 степени Целзиусови.

Во северните држави, прогнозите до половина метар снег во некои делови може да значат дека областите ќе ги издржат најобилните снежни врнежи во последните 30 години. Гувернерот на Минесота, Тим Волц, рече дека Националната гарда ќе биде при рака да им помогне на возачите заглавени во снежната бура.

„Ова е потсетник да останете дома и да го ограничите патувањето ако е можно“, предупреди утрово Одделот за транспорт на Јута. Метеоролозите рекоа дека бурата може да создаде леден појас долг 1.200 милји (2.092 километри), од Небраска до Њу Хемпшир.

Во Лос Анџелес, Калифорнија, каде што е нормално сончево и топло, ќе врне снег, а во планините и во подножјето на Вентура ќе дува силен ветер.

„Цела Калифорнија може да види снег подоцна оваа недела“, напиша на Twitter Дејвид Свејн, климатолог од Универзитетот во Калифорнија-Лос Анџелес.

Remote video URL
Високи температури во некои делови на САД

За разлика од западниот дел на земјата, во делови од источниот дел на САД ќе има високи температури. Температурите во Орландо, Флорида би можеле да достигнат 32 степени Целзиусови, а во Луизијана, Њу Орлеанс до 29 степени.

URL

„Го гледавме овој модел цела зима, каде што западниот дел на САД има потпросечни температури, а источниот дел на САД има надпросечни температури“, изјави за BBC климатологот Ендрју Круцкиевич од Универзитетот Колумбија.

URL
Снежна бура и во Канада

Големи делови од Канада се под временски предупредувања, вклучително и Торонто. Таму се очекуваат од 10 до 15 сантиметри снег и замрзнат дожд.

Иако Канада штотуку имаше рекордно висока температура за февруари, делови од Торонто може да забележат значителна акумулација на мраз.

Во делови од Алберта се во сила предупредувањата за екстремен студ, а во некои региони температурите ќе паднат до минус 40 степени Целзиусови.

URL

 

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе