САД паднаа на второ место, Сингапур е најконкурентна економија во светот

Сингапур се најде на првото место во годинашниот извештај за конкурентност на Светскиот економски форум.

Во извештајот се анализира конкурентноста на економијата со мерење на фактори како што се макроекономска стабилност, инфраструктура, пазар на трудот и иновативен капацитет.

Сингапур оваа година ја „турна“ најголемата светска економија на второто место, при што градот-држава доби најдобри оценки за својата инфраструктура, здравство, пазар на трудот и финансиски систем.

Еден од „виновниците“ за успехот на Сингапур и Виетнам е трговска војна помеѓу Кина и САД.

Во извештајот се вели дека двете азиски економии имаат корист од глобалните трговски тензии, бидејќи трговијата се пренасочува во овие земји.

Виетнам „заработи“ десет поени од минатата година, и се искачи на 67-то место од 137 земји.

На врвот на листата се најдоа и Хонгконг, Холандија и Швајцарија. Хонгконг се искачи за четири места од минатата година, и покрај политичката криза која се одрази на економскиот раст.

Северна Македонија се искачи за две места и се наоѓа на 82. место на листата. Од регионот, најдобро рангирани се Словенија – на 35., Бугарија на 49. и Романија на 51. место.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Бизнис

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Read more

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе