Саудискиот принц има имунитет од гонење за убиството на новинарот

Американската администрација утврди дека престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, има правен имунитет од тужбата покрената против него за убиството на саудискиот новинар Џамал ​​Кашоги во 2018 година.

Американското Министерство за правда, во документ доставен до Окружниот суд Колумбија, напиша дека доктрината за имунитет на шефовите на држави се заснова на обичајното меѓународно право, така што обвинетиот бин Салман, како шеф на странска држава, ужива имунитет од јурисдикцијата на американските судови.

Кашоги беше убиен и распарчен од саудиски агенти во саудискиот конзулат во Истанбул во операција за која американските разузнавачи веруваа дека е нарачана од принцот Мохамед, кој е „де факто“ владетел на кралството веќе неколку години, пишува Reuters.

Принцот негираше дека го наредил убиството на Кашоги, но подоцна рече дека ја презел одговорноста бидејќи тоа „се случило под негов надзор“.

За време на неговата посета на Саудиска Арабија во јули, американскиот претседател Џо Бајден му кажа на принцот дека го смета за одговорен за убиството на Кашоги.

Кашоги ја критикуваше политиката на престолонаследникот во неговите колумни во Washington Post. Тој отпатувал во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул за да ги добие потребните документи за да се ожени за Хатиџе Џенгиз, турска државјанка, пренесува Reuters.

Ченгиз ја осуди веста на Twitter, велејќи дека „Џамал ​​денеска повторно умре“.

„Мислевме дека можеби светлината на правдата може да дојде од САД, но повторно парите беа на прво место“, додаде таа.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе