Се будиме во многу мрачен ден за Европа: Како светот реагира на ескалацијата во Украина?

МИА/КАЈГАНА
/ 22.02.2022 / 10:10

Рускиот претседател Владимир Путин вчера официјално ги призна украинските региони Доњецк и Луганск како независни држави и потпиша договори во Кремљ со нивните сепаратистички лидери.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека ќе разговара со турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган по руското признавање на украинските сепаратистички региони Луганск и Доњецк како независни држави.

Зеленски на Twitter објави дека разговарал со британскиот премиер Борис Џонсон по состанокот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина.

„Сега итно подготвуваме обраќање, а потоа разговори со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и со турскиот лидер Ердоган“, додаде украинскиот претседател.

Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников денеска изјави дека „остануваме самоуверени и смирени“, по потегот на Русија да нареди војници во два сепаратистички промосковски региони во Источна Украина.

Во твит Резников додаде дека со признавањето на двата региона како независни, „Кремљ ја призна сопствената агресија врз Украина“.

„Ние сме подготвени и способни да се браниме себеси и нашиот суверенитет“, додаде тој.

Бајден потпиша указ за санкции против Русија

Американскиот претседател Џозеф Бајден синоќа потпиша извршна уредба со која се забрануваат инвестиции, трговија и финансирање, кои би ги извршувале граѓаните на САД со отцепените региони во Источна Украина.

„Потпишав извршна уредба за да се спречи Русија да профитира од сериозно кршење на меѓународното право“, напиша Бајден на Twitter.

Тој изјави дека САД ги продолжуваат консултациите со сојузниците, партнерите и со Украина за следните чекори.

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки вчера најави дека Бајден ќе потпише декрет со кој „ќе се забрани какви било нови американски инвестиции, размена или финансирање“ во проруските области Доњецк и Луганск.

Инвазијата врз Украина започна, смета британскиот министер за здравство

„Јасно е, рускиот претседател Владимир Путин е решен да го нападне суверенитетот на Украина, инвазијата веќе започна“, смета министерот за здравство на Обединетото Кралство, Саџид Џавид.

„Се будиме во еден многу мрачен ден за Европа, од тоа што веќе го видовме и разбравме денеска, јасно е, дека Русите, претседателот Путин, се решени да ги нападнат суверениетот на Украина и нејзиниот територијален интегритет“, изјави министерот за Sky News.

Според него, по признавањето на  украинските региони, Путин испратил тенкови и војници.

„Со тоа може да се заклучи дека инвазијата е започната.“

Џавид нагласи дека британскиот премиер Борис Џонсон, денеска ќе му се обрати на Парламентот во врска со ситуацијата во Украина.

Грчко МНР: Признавањето на Доњецк и Луганск е прекршување на меѓународното право

Признавањето од Русија на незаконското и еднострано прогласување „независност“ на сепаратистичките територии Доњецк и Луганск во Украина претставува очигледно кршење на основните принципи на меѓународното право, на територијалниот интегритет на Украина и договорите од Минск, соопштија утрово од Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчкото МНР потсетуваат дека Грција се залага за почитување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на сите држави и „ја осудува секоја одлука што е спротивна на овие основни принципи на меѓународното право“.

„Во рамки на обврските во Европската Унија и НАТО, Грција ќе се консултира и ќе се координира со своите европски партнери и сојузници во однос на одговорот на оваа одлука“, соопшти грчкото МНР.

Радев: Признавањето ги осудува на неуспех напорите за деескалација

Бугарскиот претседател Румен Радев смета дека кон неуаспех за деескалација води признавањето на самопрогласените републики во Донбас од страна на Руската Федерација, и доведе до зголемување на тензиите во целиот регион.

„Одржливо решение за оваа криза не може да се најде со кршење на меѓународното право и воените средства“, напиша Радев на Twitter.

Кина е загрижена поради ескалацијата на ситуацијата во Украина

Шефот на кинеската дипломатија Ван Ји изрази „загриженост“ поради ситуацијата во Украина во телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, се вели во денешното соопштение на кинеското Министерство за надворешни работи.

„Кина е загрижена поради развојот на ситуацијата во Украина и треба да се почитуваат легитимните безбедносни грижи на која било држава“, нагласил Ван за време на разговорот.

„Треба да се почитуваат целите и принципите на Повелбата на ОН“, истакна Ван, додавајќи дека ситуацијата во Украина е „тесно поврзана со доцнењето“ во спроведувањето на договорот од Минск.

Кина ги повикуваа сите страни да „да бидат воздржани, да ја препознаат важноста од спроведувањето на принципот на неделива безбедност, да ја олеснат ситуацијата и да ги решат разликите преку дијалог и преговори“, изјави Ван.

Западните весници за одлуката на Кремљ

Водечка вест во западниот печат е одлуката на Кремљ да ја признае независноста на двата отцепени региони на Украина – Доњецк и Луганск – и најавената намера на Русија да испрати војници, кои ги дефинира како мировници, во Источна Украина.

Британски Guardian објави дека рускиот претседател Владимир Путин и наредил на руската војска да влезе во Источна Украина во „мировна“ мисија. Но, Украинците и нивните западни сојузници ќе го гледаат ова како окупација, пишува весникот. Инвазијата е внесена во текстот на двата договора што вечерва ги потпишаа Путин и лидерите на двете сепаратистички „републики“. Третата точка од овие документи предвидува „вршење на мировните функции од страна на вооружените сили на Руската Федерација“. Ноќеска, украинските власти соопштија дека руските војници веќе влегле на територијата под контрола на сепаратистите, а жителите на градот Макеевка, на 15 километри од Доњецк, виделе како се движи руска оклопна колона. Друг извор на Guardian рече дека „голема колона оклопна и друга опрема се движела“ час и половина „во правец на северниот град Јасинувата во регионот Доњецк.

Лондонски Telegraph размислува за значењето на знакот „З“ (Z), обоен во бело на тенковите и другите оклопни возила кои влегуваат на украинска територија. Според аналитичарите, целта е да се препознаат за да се избегне т.н пријателски оган за време на инвазијата. Други велат дека знакот го носат само специјално дизајнирани возила, додека други велат дека е приказ на црн хумор и значи „Зоро“ по маскираниот бранител на неправедните. Весникот се повикува на мислењето на извори од британските безбедносни служби, кои велат дека Русија може да употреби ракети кон украинскиот главен град Киев. Другата можност, според нив, е напад на североисточниот град Харкив. Telegraph потсетува на зборовите на британскиот премиер Борис Џонсон за BBC дека Русија ја планира „најголемата војна во Европа од 1945 година“.

Financial Times ги цитира тврдењата на Москва дека петмина украински војници кои се инфилтрирале на руска територија биле убиени.

Independent посочува дека Путин вчера во своето обраќање нацртал слика, претскажувајќи идни несреќи за Украина.

The Washington Post се прашува зошто Донбас е важен за Путин и што сакаат луѓето во овој источен украински регион. Весникот потсетува на написот на Путин од јули јули на веб-страницата на Кремљ, во кој тој рече дека Русите и Украинците се еден народ и дека „суверенитетот на Украина е можен само во партнерство со Русија“. А вчера рускиот лидер во својот говор изјави дека „Украина никогаш немала вистинска државност“. Последниот официјален попис во 2001 година покажа дека половина од населението на Крим и Доњецк го идентификувале рускиот како мајчин јазик. Генерално, рускиот претежно се зборува во Источна Украина, додека украинскиот е доминантен на Запад. Но, ова можеби е претерано поедноставување на проблемот – на исток селата зборуваат украински или мешавина од двата јазика наречена суржик. Самиот Путин постојано ја истакнува идејата за специфичниот идентитет на Донбас како причина за заштита на населението што зборува руски од нетолеранција, според рускиот лидер, Украинците. И сепаратистите собраа капитал од овој идентитет за да привлечат поддршка за нивниот бунт против владата во Киев, според The Washington Post.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more
 

Вести

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе