Се чисти порта „Македонија“, закажани нови протести за денеска

За сабота, во 18 часот пред Специјалното јавно обвинителство повторно е закажан граѓански протест против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на политичари осомничени за изборен криминал.

Работници денеска ја чистат Триумфалната порта во центарот на Скопје, откако антивладините демонстранти синоќа ја гаѓаа со боја, а испишаа и графит „Грабеж“
Откако на демонстрантите не им беше дозволено да протестираат пред Собранието, тие фрлаа со боја кон портата, која е дел од контроверзниот проект Скопје 2014, по што го продолжија протестот пред владата.

Изминативе три дена во Скопје, но и во други градови низ земјава се случуваат масовни протести со барања Иванов да ја повлече аболицијата. Организатор е граѓанската иницијатива Протестирам / Нема правда – нема мир.

За сабота од Протестирам искажаа поддршка за граѓаните кои планираат да протестираат во Струмица, а веќе два дена се протестира и во Битола, каде граѓаните порачуваат дека нема да го помилуваат градоначалникот, Владимир Талевски.

Протестот во петокот, што беше помасовен од претходните денови, беше мирен а помина со свирежи и скандирање „Готово е, Никола“, „Мафија“ и повремено фрлање со јајца кон владината зграда. Имаше и обиди за ситни провокации за судир со полицијата, кои ги смири лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, кој рече дека лично ќе ги предаде на полицијата сите оние кои на било кој начин ќе нападнат полицаец.

Демонстрантите пристигнаа пред Владата, откако полицијата го дозволи пристапот, по блокадата кај Камениот мост и затворениот пристап до Собранието.

Во исто време со овој граѓански протест, пред седиштето на СДСМ имаше контрапротест што го организира Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ), а се протестираше против тоа што претседателот Иванов ги аболицирал и Зоран Заев и Зоран Верушевски и ја поздравија одлуката за распишување избори на 5 јуни.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more
 

Вести

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе