ПО 22 ГОДИНИ ПАУЗА

Се снима Lethal Weapon 5 со оригиналната актерска екипа

Петтото продолжение од култната франшиза Lethal Weapon со неповторливото дуо Мел Губсон/Дени Гловер се снима 22 години по последниот филм.

Уште во 2018 година имаше шпекулации за петто продолжение, но дури сега стигна потврдата дека тоа навистина ќе се случи, и тоа од продуцентот Ден Лин.

„Се обидуваме да го снимиме петтото, последно продолжение. Дик Донер се враќа како режисер, а се враќа и оригиналната актерска екипа“, откри Лин.

Франшизата се состои од низа акциони филмови со Мел Гибсон и Дени Гловер во улогите на двајца полицајци од Лос Анџелес. Приказната почнува ноќта на 14 декември во 1987 година со самоубиството на Аманда Хансакер (Џеки Свонсон), ќерката на Мајкл Хансакер (Том Аткинс), стар пријател и поранешен војнички колега на детективот Роџер Мерто (Гловер).

Мерто, ветерански полицаец со 20-годишно искуство, добива нов партнер на неговиот 50-ти роденден. Партнерот е 37-годишниот детектив, наредник Мартин Ригс (Гибсон), чија сопруга загинала во сообраќајна несреќа три години претходно, а понатаму во филмот се дознава дека всушност ја убил платен убиец ангажиран да го убие него.

Како резултат на трагедијата, Ригс почнува да пие, има суицидни нагони и е безобѕирен и насилен во применувањето на полициските методи, а колегите го сметаат за „смртоносно оружје“ (Lethal Weapon).

Мерто не е среќен што добил партнер кој е „на работ“, но меѓу нив ќе се развие необично и уникатно пријателство.

Четвртиот филм Lethal Weapon имаше премиера во 1998 година.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Читај повеќе

Почнува Евровизија, преставничката на Израел не излегува од хотелската соба

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе