Седницата на Уставен затворена за новинарите, пред судот само контрадемонстранти

Обезбедувањето на Уставниот суд не им дозволи на новинарите да влезат во Судот и да ја следат седницата на којашто се одлучува за укинување на измените на Законот за помилување донесени во 2009 година, со што на Претседателот на државата ќе му се овозможи да помилува лица осудени за изборни нерегуларности, педофили, како и лица осудени за дела против човечноста.

Иако седниците на Уставниот суд досега беа јавни и новинарите ги следеа, освен гласањето на судиите кое е тајно, оваа седница е затворена за јавноста.

Новинарите побараа писмена одлука и образложение зошто седницата на Судот е затворена за јавноста, но од Судот нема никаков одговор.

Пред Уставниот суд останаа само контрадемонстрантите кои ги организираше лидерот на ГРОМ и градоначалник на скопската општина, Карпош, Стевче Јакимовски, за како што рекоа, „да го бранат Уставниот суд“.

Утрово пред Судот имаше големо присуство на полицијата, а бројот на контрадемонстранти сè повеќе се зголемува. Постојано доаѓаат луѓе од цела Македонија, за како што велат да го бранат „уставниот поредок“. Сите тврдат дека дошле по своја волја и дека не се од ниту една партија.

Дел од жителите на зградата „Ибни Пајко“ којашто се наоѓа во близина на зградата на Уставниот суд се жалат дека демонстрантите вршат нужда кај зградата, дека не им се обезбедени тоалети и дека се шират зарази.

„Кај да ги носам тука да поминат внучињата од градинка. Секаде мократ тука, немаат тоалети“, вели жена која живее во зградата.

Засега нема најави дали граѓанската платформа „Ајде“ ќе има протести и до кога пред Судот ќе има шатори и контрадемонстранти.

реклама

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе