На територијата на Град Скопје во изминатото деноноќие биле лишени од слобода седум жители на главниот град поради поседување марихуана.
На 9 март 2020 во 19:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Б.(24) од Скопје, затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 10 март 2020 во 00:05 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Натанаил Кучевишки“ го лишиле од слобода С.И.(30) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 9 март 2020 во 15.35 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Полог“ го лишиле од слобода Ж.Ј.(20) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 9 март 2020 во 12.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит пазар го лишиле од слобода А.М.(34) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 9 март 2020 во 14.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Ѓорче Петров го лишиле од слобода А.К.(26) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 9 март 2020 во 12.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Тодор Александров“ го лишиле од слобода З.Н.(31) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 9 март 2020 во 22.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје во с.Ново Село го лишиле од слобода Н.Т.(26) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.