Секое трето девојче е жртва на насилство, секое четврто дете е сведок на домашно насилство

Во Македонија нема постоен систем за заштита на жените и девојките со попреченост кои се жртви на некоја форма на насилство. И оние специјализирани сервиси што постојат не се пристапни и приспособени за потребите на оваа ранлива група, беше истакнато на панел-дискусијата на тема „Жени и девојчиња со попреченост – потенцијални жртви на родово базирано насилство“, што се одржа во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, во организација на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, во соработка со агенциите на ОН, Министерство за здравство и Министерство за труд и социјална политика.

Настанот го отвори Луиза Винтон, постојаната координаторка на Обединетите нации во земјата. „Жените и девојчињата со попреченост се соочуваат со двојна дискриминација. Немаат еднаков пристап до образование, здравствени услуги и вработување, а се соочуваат и со повисок ризик од насилство, злоупотреба и експлоатација. Затоа, треба двојно повеќе да работиме за да им овозможиме целосно да го уживаат правото да водат исполнет, независен и безбеден живот во заедницата“, рече таа.

Прва говорничка на дискусијата беше Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, која говореше за проблемот на непостоење соодветни сервиси за помош и поддршка на жени жртви на родово базирано насилство на целата територија на Македонија, односно за потребата од воспоставување сеопфатен систем за поддршка на жртвите на насилство, и тоа од простор до соодветно обучен кадар. Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, рече дека насилството врз жените и девојчињата со попреченост ќе биде опфатено во сите политики и мерки за заштита на жртвите. Сервисите и услугите мора да бидат целосно достапни и пристапни за сите. Не смееме да дозволиме жените со попреченост, кои биле подложени на насилство, да бидат лишени од правото да побараат и добијат соодветна помош и поддршка“.

Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ во Македонија, говореше за децата подложени на насилство и запоставување. „Бројот на жени и деца на глобално ниво, но и тука, кои се жртви на насилство и запоставување, е многу поголем отколку што мислевме претходно. Децата со попреченост се 3 пати повеќе изложени отколку оние без попреченост, секое четврто дете е сведок на домашно насилство, а секое трето девојче е жртва на насилство во детството – но, половината од нив никогаш никому не му кажуваат за тоа. Сето ова остава траен белег и подоцна влијае врз учењето, здравјето и сите други аспекти на животот. Можеме и мораме да го запреме насилството врз жените и децата“.

Последна се обрати Ема Ананиевска, апсолвентка на Факултетот за музичка уметност, која зборуваше за своето лично искуство на живот со попреченост. Таа зборуваше за своето школување, недостигот од поддршка за лицата со попреченост кои се во редовниот школски систем, како и за огромната поддршка што таа ја добила од своите блиски, што ѝ помогнало да ги преброди сите пречки со кои се сретнала во животот. Модераторка на дискусијата беше Љуљета Адеми, која, што нагласи, е жртва на насилство и лице со попреченост. Адеми исто така даде примери од своето лично искуство, за своите патешествија во добивање помош и поддршка и за успешното справување со проблемите. Таа исто така се осврна на лицата од албанска националност кај кои овој проблем е уште поевидентен, но, за жал, затскриван и недоволно дискутиран. Дискусијата беше организирана со цел актуализација на проблемот на насилство врз жените и девојчињата со попреченост поради тоа што насилството врз жените и девојчињата со попреченост мора да се препознае како сериозен општествен проблем и да му се посвети должно внимание.

реклама

Хороскопски знаци кои важат за најдобри во секс

Read more

Шест ритуали што жените задолжително ги прават пред да имаат секс

Read more

Видео од деветгодишниот Хабиб во борба со мечка го одушеви интернетот

Read more

Вакцината нема да биде семоќна, маски ќе носиме со години

Read more

Македонија

Аеродром убедливо води по број на активни случаи во Скопје

Read more

Дневен КОВИД биланс: 247 новозаразени и 15 починати

Read more

Нови простории за тестирање од COVID-19, најави Караџоски

Read more

Караџоски: 80% од регистрираните случаи со COVID-19 се асимптоматски

Read more

Вести

Аеродром убедливо води по број на активни случаи во Скопје

Читај повеќе

Болтон: Ако Трамп победи, САД ќе го напуштат НАТО

Читај повеќе

Не се смируваат односите меѓу Анкара и Париз, Ердоган повика на бојкот на француските производи

Читај повеќе

Дневен КОВИД биланс: 247 новозаразени и 15 починати

Читај повеќе

Нови простории за тестирање од COVID-19, најави Караџоски

Читај повеќе

Повеќе од 60 милиони Американци веќе гласаа на изборите

Читај повеќе

Филипче: Се подготвуваат дополнителни болнички капацитети, сите да се придржуваат до мерките

Читај повеќе

Караџоски: 80% од регистрираните случаи со COVID-19 се асимптоматски

Читај повеќе

Азербејџан: За странска агресија, имаме F-16 на готовс

Читај повеќе