Секое трето девојче е жртва на насилство, секое четврто дете е сведок на домашно насилство

Во Македонија нема постоен систем за заштита на жените и девојките со попреченост кои се жртви на некоја форма на насилство. И оние специјализирани сервиси што постојат не се пристапни и приспособени за потребите на оваа ранлива група, беше истакнато на панел-дискусијата на тема „Жени и девојчиња со попреченост – потенцијални жртви на родово базирано насилство“, што се одржа во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, во организација на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, во соработка со агенциите на ОН, Министерство за здравство и Министерство за труд и социјална политика.

Настанот го отвори Луиза Винтон, постојаната координаторка на Обединетите нации во земјата. „Жените и девојчињата со попреченост се соочуваат со двојна дискриминација. Немаат еднаков пристап до образование, здравствени услуги и вработување, а се соочуваат и со повисок ризик од насилство, злоупотреба и експлоатација. Затоа, треба двојно повеќе да работиме за да им овозможиме целосно да го уживаат правото да водат исполнет, независен и безбеден живот во заедницата“, рече таа.

Прва говорничка на дискусијата беше Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, која говореше за проблемот на непостоење соодветни сервиси за помош и поддршка на жени жртви на родово базирано насилство на целата територија на Македонија, односно за потребата од воспоставување сеопфатен систем за поддршка на жртвите на насилство, и тоа од простор до соодветно обучен кадар. Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, рече дека насилството врз жените и девојчињата со попреченост ќе биде опфатено во сите политики и мерки за заштита на жртвите. Сервисите и услугите мора да бидат целосно достапни и пристапни за сите. Не смееме да дозволиме жените со попреченост, кои биле подложени на насилство, да бидат лишени од правото да побараат и добијат соодветна помош и поддршка“.

Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ во Македонија, говореше за децата подложени на насилство и запоставување. „Бројот на жени и деца на глобално ниво, но и тука, кои се жртви на насилство и запоставување, е многу поголем отколку што мислевме претходно. Децата со попреченост се 3 пати повеќе изложени отколку оние без попреченост, секое четврто дете е сведок на домашно насилство, а секое трето девојче е жртва на насилство во детството – но, половината од нив никогаш никому не му кажуваат за тоа. Сето ова остава траен белег и подоцна влијае врз учењето, здравјето и сите други аспекти на животот. Можеме и мораме да го запреме насилството врз жените и децата“.

Последна се обрати Ема Ананиевска, апсолвентка на Факултетот за музичка уметност, која зборуваше за своето лично искуство на живот со попреченост. Таа зборуваше за своето школување, недостигот од поддршка за лицата со попреченост кои се во редовниот школски систем, како и за огромната поддршка што таа ја добила од своите блиски, што ѝ помогнало да ги преброди сите пречки со кои се сретнала во животот. Модераторка на дискусијата беше Љуљета Адеми, која, што нагласи, е жртва на насилство и лице со попреченост. Адеми исто така даде примери од своето лично искуство, за своите патешествија во добивање помош и поддршка и за успешното справување со проблемите. Таа исто така се осврна на лицата од албанска националност кај кои овој проблем е уште поевидентен, но, за жал, затскриван и недоволно дискутиран. Дискусијата беше организирана со цел актуализација на проблемот на насилство врз жените и девојчињата со попреченост поради тоа што насилството врз жените и девојчињата со попреченост мора да се препознае како сериозен општествен проблем и да му се посвети должно внимание.

реклама

Македонија

Мицкоски: Новиот пакет мерки нема донесе ништо добро, туку дополнително ќе ја продлабочи кризата

Read more

Дневен корона биланс: 3 починати, 148 новозаразени и 65 излекувани

Read more

Со велосипедизам, Крушево развива алтернативен туризам

Read more

Филипче: Разговараме сите во регионот да ги отвориме границите со исти правила за ПЦР тестовите

Read more

Вести

Во Викендот без ДДВ ќе се купуваат домашни производи и ИТ опрема до 30.000 денари

Читај повеќе

Мицкоски: Новиот пакет мерки нема донесе ништо добро, туку дополнително ќе ја продлабочи кризата

Читај повеќе

На референдум Швајцарците одбија да се затворат кон ЕУ

Читај повеќе

Збунувачки тврдења од кавкаскиот конфликт: И двете страни победуваат

Читај повеќе

Дневен корона биланс: 3 починати, 148 новозаразени и 65 излекувани

Читај повеќе

Со велосипедизам, Крушево развива алтернативен туризам

Читај повеќе

Казнети 528 лица за неносење на заштитна маска

Читај повеќе

Бектеши: Продолжуваме со мерки за поддршката за туристичкиот сектор за побрзо надминување на кризата

Читај повеќе

Во Велес пред Спомен куќата на Рацин промовирана збирка поезија „Слушни ја тишината“

Читај повеќе