Селена Гомес ќе сними уште еден албум, па ќе се фосокусира на глумата

Американската пејачка, актерка и продуцентка Селена Гомес наскоро би можела да ја заврши својата музичка кариера.

Иако има непобитен талент и огромен број обожаватели, Селена даде неочекувана изјава.

„Чувствувам дека можам да снимам уште еден албум. Колку повеќе стареам, толку повеќе сакам да најдам нешто на што ќе се фокусирам“, рече пејачката и додаде дека идеално би било тоа да е нејзината актерска кариера.

Гомес како дете се занимавала со глума и сонувала да стане „сериозна актерка“. Таа ја започна својата музичка кариера дури откако Disney ја ангажираше да сними албум додека глумеше во ситкомот на Disney Channel „Wizards of Waverly Place“ кон крајот на 2000-тите.

„Мислев дека ќе биде забавно, хоби во кое ќе уживам. Сакав да бидам актерка и никогаш навистина немав намера да бидам само пејачка. Сепак, хобито се претвори во нешто друго“, рече Селена.

Има издадено три студиски албуми од 2013 година, кои вклучуваат хитови како „Come & Get It“, „Same Old Love“ и „Lose You To Love Me“. Таа е добитничка на две Греми, а минатата година го објави синглот „Single Soon“.

Гомес моментално глуми во познатата серија на Hulu „Only Murders in the Building“ заедно со Мартин Шорт и Стив Мартин, а се појави и во неколку филмови, вклучувајќи ги „Spring Breakers“ и „A Rainy Day in New York“.

Жонглирањето со музичката и актерската кариера е товар за неа, како што изјавила во еден подкаст, а една од причините е нејзиното ментално здравје. Иако ништо не ја принудува да избира помеѓу музиката и глумата, таа призна дека изборот можеби се наѕира во иднина.

„Сакам да се одморам бидејќи сум уморна“, рече таа.

Покрај во глумата и пеењето, Гомес е успешна и во светот на козметиката. Таа ја основа компанијата Rare Beauty во 2020 година.

„Основана е за време на пандемијата на коронавирусот и зема замав. Можам да бидам многу благодарна и горда“, заклучи Гомес.

реклама

Филм & ТВ

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Read more
 

Сцена

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе