КОПА ЛИБЕРТАДОРЕС 2023

Сензација на Боливар, Ривер Плејт елиминиран од Копа Либертадорес

Филип Здравески
/ 09.08.2023 / 09:36

Ноќеска во јужноамериканскиот пандан на Лигата на шампионите сензација приреди боливискиот шампион елиминирајќи бразилски тим, а аргентинскиот гигант доживеа разочарувачка елиминација.

Со оглед на тоа што на првиот натпревар во Боливија славеше со 3:1, Боливар во Куритиба отпатува со солидна предност. Сепак, домашниот тим на Атлечику Паранаенсе до 67. минута успеа да поведе со 2:0 со головите на Фернанџињу од пенал во 31. минута и на Витор Роке. До крајот не успеа да постигне трет гол па според правилата натпреварот веднаш отиде во пенал-рулет.

Боливијците ги реализираа сите пет удари, прецизни беа и Бразилците сѐ до петата серија кога промаши Чиагу Елену.

Remote video URL

Боливар сега во четвртфиналето го чека нов бразилски тим, и тоа Интернасионал, кој ноќеска го исфрли аргентинскиот гигант Ривер Плејт.

Ривер во Порто Алегре замина со предност од 2:1 остварена во Буенос Аирес, но загуби со истиот резултат. Натпреварот немаше голови сѐ до последните 20 минути. Прво Габриел Меркадо, Аргентинец и поранешен играч токму на Ривер, погоди за 1:0 во 70. минута, а осум минути подоцна Алан Патрик го дуплираше водството.

Ривер беше пред елиминација кога во последната минута Парагваецот Роберт Рохас намали на 2:1 израмнувајќи го вкупниот резултат на 3:3 и носејќи го натпреварот во пенал-рулет.

И тука изведувачите беа многу прецизни. Во основната серија сите пет играчи на двата тима погодија. Во седмата серија Пабло Солари промаши за Ривер, но веднаш по него за Атлечику промаши Карлос де Пења. Победникот беше решен дури во 10-тата серија кога играчот кој беше виновен за пеналите, Рохас, го промаши својот удар, а потоа Серхио Рочет ги однесе Бразилците во четвртфинале.

Remote video URL

Во третиот натпревар игран ноќеска повторно бразилски тим излезе како победник во бразилско-аргентинска пресметка. Флуминенсе со 2:0 го совлада Архентинос Жуниорс и со вкупни 3:1 отиде во четвртфиналето каде ќе го чека победникот од дуелот на Фламенгу со парагвајска Олимпија.

Remote video URL

Вечер после полноќ од 2 часот играат Бока Жуниорс (Аргентина) - Насионал (Уругвај) и Индепендиенте дел Ваље (Еквадор) - Перејра (Колумбија), а од 2:30 е бразилската пресметка Палмејрас - Атлечику Минејру.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе