Сестрата на Ким Џонг Ун: Јужнокорејскиот претседател е идиот

Кајгана / МИА
/ 24.11.2022 / 08:45

Сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун денеска упати остри закани до Јужна Кореја поради разгледувањето еднострани санкции против Северна Кореја. Таа новиот јужнокорејски претседател и членовите на неговата влада ги нарече „идиоти“ и „диви кучиња кои глодаат коски“ фрлени од САД.

Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја пред два дена соопшти дека ја разгледува можноста за воведување дополнителни еднострани санкции против Северна Кореја поради неодамнешните ракетни тестирања спроведени од севернокорејската армија.

Министерството соопшти дека ќе ги разгледа санкции и мерки за спречување на наводните сајбер-напади на Северна Кореја, доколку Ким Џонг Ун изврши поголема провокација, како на пример нуклеарна проба.

„Се прашувам какви ‘санкции’ јужнокорејските власти, кои се како диво куче кое трча наоколу и глода коска фрлена од САД, дрско ќе ѝ наметнат на Северна Кореја? Каква спектакуларна глетка” изјави Ким Јо Џонг.

Сестрата на севернокорејскиот лидер ги нарече новиот јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол и службениците од неговата администрација „идиоти кои создаваат опасна ситуација“. Таа додаде дека Јужна Кореја „не беше наша цел“ додека на власт беше нејзиниот поранешен претседател кој се залагаше за помирување со Северна Кореја. 

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе