Северна Кореја тврди дека нуклеарниот план на САД е при самиот крај

Пјонгјанг ги критикуваше Вашпингтон и Сеул за нивните „непромислени воени движења“ среде последната рунда воени игри.

Северна Кореја ги осуди САД и соседот Јужна Кореја откако дфвата сојузника отпочнаа заеднички масивни воени вежби, наведувајќи дека воздушните вежби се подготовка за нуклеарен напад над Северна Кореја, и објави дека ќе „бидат преземени сите потребни мерки“ за да се одбрани.

Во изјавата што ја пренесе државната Корејска централна новинска агенција (KCNA - 조선중앙통신 / 조선통신사) во понеделникот, неименуван портпарол на Министерството за надворешни работи ги нарече вежбите „воена вежба од типот на агресија со основна цел да се погодат стратешки цели на Демократска Народна Република Кореја“, велејќи дека ризикуваат „сериозна конфронтација со големите сили“.

„Никаде во светот не може да се видат воени вежби со агресивен карактер според времетраењето, обемот, содржината и густината како заедничките воени вежби на Соединетиоте Држави и нивните следбеници“, изјавило оифицијално лице.

По низата заеднички вежби одржани во април, август, септември и октомври - некои вклучувајќи ја и Јапонија - портпаролот тврдеше дека воздушните вежби во понеделникот биле „најголемите досега“ во историјата и покажале дека „американското нуклеарно воено сценарио против Демократска Народна Република Кореја влезе во последната фаза“.

Под името Vigilant Storm, американско-јужнокорејските вежби треба да продолжат до петок, а двете земји ќе распоредат стотици воени авиони, при што Сеул се надева дека вежбата ќе ги зајакне нејзините „оперативни и тактички способности“ со цел да „одврати и одговори на севернокорејски провокации“. Авионите ќе летаат околу 1.600 практични летови, „најголем број досега за овој годишен настан“, според американските воздухопловни сили, кои велат дека летовите ќе им помогнат на пилотите „да ги усовршат своите воени способности“.

Севернокорејскиот портпарол изјави дека вежбите се дел од завера за да „нѐ испровоцираат воено за да преземеме контрамерки и да ни ја префрлат одговорноста“, негирајќи дека воените вежби се „дефанзивни“, како што тврдат САД и Јужна Кореја.

„Подготвени сем да ги преземеме сите потребни мерки за да ја заштитиме сувереноста на земјата, безбедноста на нашиот народ и нашиот територијален интегритет од надворешните воени закани“, изјави официјално лице, додавајќи дека Вашингтон „ќе плати иста цена доколку се обиде да примени сила против Демократска Народна Република Кореја“.

Воените игри доаѓаат во време на ескалација на Корејскиот Полуостров - кој севернокорејскиот официјален претставник го смета за „најжешкото место во светот со највисоко ниво на воена тензија“. По неколку години релативна тишина по неколку круга дипломатија под американскиот претседател Доналд Трамп и јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин, Пјонгјанг изврши рекорден број ракетни тестови во 2022 година. Под новото раководство, Вашингтон и Сеул во голема мера одговорија со демонстрации на сила, продолжување и проширување на нивните редовни воени вежби, кои Северна Кореја постојано ги осудува како проби за инвазија.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе