Шаќири: Штрајкот треба да е последниот чекор, ќе го продолжиме дијалогот со СОНК

Го почитувам синдикалното право на штрајк, но тој треба да биде последен чекор. Социјалниот дијалог ќе продолжи со СОНК за набргу да се најде решение, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири и најави дека денеска или утре ќе закажат средба со синдикатот.

-Ќе повикам во најбрз можен рок да најдеме заеднички договор на овие проблеми и наставата да продолжи. Мислам дека во текот на неделата ќе имаме состаноци и сакам разбирање затоа што штрајкот требаше да биде последен чекор, рече Шаќири при посетата на средното училиште „Владо Тасевски“ каде што се спроведува меѓународно ПИСА-тестирање.

Соопшти дека МОН е во комуникација со директори на сите основни и средни за тоа дали и како се одвива наставата и колку се вклучени во штрајкот, но ќе имаат информации по 14 часот  односно по почетокот на втората смена во училиштата.

Во училиштето што го посети, рече дека од вкупниот број 117 вработени, 18 се во штрајк – наставен кадар и технички персонал, дека се во посебна просторија и се одвива наставата.

-Мислам дека во повеќе градови е ваква состојбата. Имам првични информации, но треба да ги потврдам информации од градови каде што имало ученици кои сакале да влезат, но од директорите не биле пуштени во училиштата поради одлука за штрајк. Но ова се првични информации и ќе треба да го потврдам со  инспекторатите – просветен и трудов дали докрај се почитува правото на штрајк. Јас го почитувам синдикалното право на штрајк, но социјалниот дијалог продолжува и мислам дека набргу ќе најдеме решение за оваа ситуација, рече Шаќири.

Посочи дека законите за основно и за средно образование не дозволуваат прекин на наставата освен во вонредни ситуации и дека со одлуката за штрајк, се доаѓа во ситуација да се надоместат деновите од учебната година бидејќи веќе беше одложен почетокот на второто полугодие поради состојбата со КОВИД-19.

На прашањето зошто МОН не соопштило во кои училишта ќе нема настава и децата односно нивните родители самите требало да се информираат, Шаќири одговори дека не сакале да се вклучат зашто, како што рече, можеби од СОНК ќе се сфатело дека сакаат да им вршат притисок. Затоа оставиле синдикатот да го менаџира процесот и директорите на училиштата да знаат кој ќе штрајкува. Притоа се заблагодари на наставниците што денеска ги прифатиле децата, иако штрајкуваат.

Шаќири истакна дека од првиот ден се влезени во процесот да се постигне договор и дека сите синдикати, меѓу кои и  СОНК, биле вклучени во преговорите за минималната плата. Кога била донесена одлуката за порастот на минималната плата, рече тој, синдикатите биле согласни дека ќе го почитуваат договорот за минимум шест месеци за усогласување на другите плати како што предвидува законот.

-Владата е за тоа просветните работници да земаат поголеми плати и тоа го имаме докажано: во 2018  пет проценти повеќе, во 2019 пет проценти повеќе, 2020 десет проценти повеќе. Ако ги собереме кумулативно, тоа се 21 процент. Во 2020 почна пандемијата, здравствената криза продолжи и со економска, но пак кажуваме дека ќе работиме на решавање на проблемите за наставниците да имаат повисоки плати, додаде министерот за образование и наука. 

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе