Шаќири со апел до наставниците: Потребни сте им на учениците да ги подготвите за уписи и матура

Скопје, 17 април 2022 (МИА) – Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска ги повика наставниците во основните и средните училишта да го продолжат образовниот процес, бидејќи тоа е од најдобар интерес на децата.

– Децата треба да ни е на прво место, затоа што правото на образование на секое дете е уставно загрантирано право. Губењето на настава во услови како оваа пандемија, кога Владата и Министерството за образование и наука направи максимални напори да го нормализира образовниот процес, не оди во прилог никому, најмалку на учениците, напиша Шаќири на својот Facebook профил.

Потенцира дека учениците треба да се вратат во училиштата, таму каде што припаѓаат. Редовната настава, посочува министерот, е потребна најмногу како поддршка за ученици во еден многу важен дел од нивниот живот.

– Потребни сте им сега во овој период кога се подготвуваат за продолжување на образованието во средните училишта, за полагање на стручни испити и за државната матура, од што зависи нивната понатамошната образовна иднина и запишување на факултетите во земјава и во странство. Со нарушен образовен процес, сето ова не може да се реализира во предвидените рокови и е на штета на сегашните деветооделенци и матуранти, но и на сите останати ученици, истакнува Шаќири.

Владата и претставниците на СОНК, нагласува министерот, се договорија викендот да се утврди процентот за зголемување на платата кое ќе се испланира и потенцијално реализира со ребалансот на Буџетот, по што учениците од основното и средното образование од понеделник би се вратиле во училишните клупи.

– Синдикатот треба да има верба во институциите, бидејќи и претходно низ партнерски дијалог беше постигнато зголемување на платите на наставниците од 21 отсто. Владата сака да излезе во пресрет на барањата на наставниот кадар. Сакаме да најдеме заедничко долгорочно решение со кое ќе обезбедиме континуиран раст на платите во образованието, но и ќе го гарантираме економско-социјалниот статус на кадарот. Сега најважно за децата е да се вратат во училиште, а дијалогот да продолжи, напиша Шаќири.

Тренчевска: Низ социјален дијалог ќе дојдеме до решение

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ги повикува воспитувачите и негувателите да го нормализираат воспитно-згрижувачкиот процес и да ги прифаќаат децата во градинките, бидејќи, како што посочува, секој изгубен час и ден од наставата оди на директна штета на раниот детски развој, кој е основата за понатамошен развој на секоја индивидуа.

– Како Влада и Министерство кое води грижа не само за детскиот развој, туку и за унапредувањето на воспитно-згрижувачкиот кадар, имаме цврста определба да го продолжиме социјалниот дијалог од кој очекуваме да произлезат системски решенија кои одат во прилог на сите. Владата и Министерството за труд и социјална политика и претходно докажаа дека имаат слух за барањата на воспитно-згрижувачкиот кадар во градинките и дека не бегаат од решенија со кои се унапредува нивниот економско-социјален статус. Докажавме и дека клучен приоритет е токму зголемувањето на платите на вработените во градинките кои се покачени за 21 отсто во последните четири години, што е историски најголем раст, објави Тренчевска на својот Facebook профил.

Социјалниот дијалог, нагласува министерката, е единствениот пат да дојдеме до заеднички решенија.

– Така постигнавме договор за минималната плата и за пензиите, тој е начинот на кој треба да се реши и овој предизвик. Верувам дека интересот на децата ќе биде ставен на прво место. Градинките ќе ги отворат вратите, а преку силен постојан партнерски дијалог кој го продолжуваме со Синдикатот ќе изнајдеме модел со кој се обезбедува и гарантира постојан раст на платите за вработените во градинките, напиша министерката Тренчевска.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе