Шарената револуција се подготвува за големиот протест пред СЈО

Организаторите на Шарената револуција во Скопје најавија масовен протест за денеска (20 јуни) во 19 часот, пред Специјалното јавно обвинителство во Скопје.

„На оваа корумпирана и криминална власт и дадовме и повеќе од доволно време да реагира и да ги слушне нашите барања. Тие се глуви пред своите граѓани. Единственото нешто на што тие мислат е како побрзо да избегаат од правдата.

Специјалното јавно обвинителство е првата светлост во оваа правна темнина во која живееме, а власта го кочеше уште пред да биде формирано. После денешната одлука на Уставниот суд да не го стави СЈО на дневен ред ниту за следната своја седница, очигледно е дека Груевски и неговите соработници се обидуваат да го укинат СЈО кога најмалку ќе очекуваме.

Нашите ултимативни барања не беа исполнети. Тврдина на правдата, која граѓаните силно ја поддржуваат изминативе два месеца, сега е под сериозна закана. Груевски се плаши од затворот што го чека! Како граѓани имаме обврска да го спасиме СЈО од прангите на криминалците на власт!“, велат на социјалните мрежи.

Потсетуваат дека иако прогонот врз демонстрантите продолжува, граѓаните ќе ја земат правдата во свои раце. „Институциите што треба да нè бранат нас граѓаните всушност ги бранат само криминалите на владејачката партија. Не може да има правда во државата, кога режимот врши прогон врз оние кои се борат за слобода, правда и еднаквост.

Да потсетиме кој му даде право на Иванов да помилува криминалци - сега истиот тој партизиран Уставен суд повторно се заканува на СЈО!

Доста беше драги сограѓани, на Груевски му е дојден крајот! Потребно е уште малку да го притиснеме! Да бидеме сплотени и здружени како никогаш порано!“, додаваат демонстрантите.

Со поворка од факели во петокот ноќта во Скопје приврзаниците на граѓанското движење „Протестирам“ и на „Шарената револуција“ го завршија одбројувањето за ултиматумот што го истакнаа претходно седмицава, но според последните информации, Уставниот суд и за наредната седмица не ја стави инцијативата за уставноста на Специјалното јавно обвинителство.

Со оглед на тоа, што Уставниот суд на претходната, а и на следната седница нема таква точка на дневен ред по која ќе расправа, демонстрантите од Шарената револуција, продолжуваат со протести низ градот.

Вчера на одбележувањето на 26-годишнината од ВМРО-ДПМНЕ, еден демонстрант беше уапсен затоа што сакал да постави транспарент на Камениот мост во Скопје, од каде пораката би можеле да ја прочитаат членовите на владејачката партија, кои прославуваа во близина, пред Музејот на ВМРО. Демонстрантот Павле Богоевски беше уапсен, а подоцна пуштен.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, се закани со граѓански судир, при што во роденденскиот говор кажа дека е под притисок на илјадници граѓани кои бараат поддршка од него за „поодлучна народна акција“ за излез од политичката криза.

„Ако вака продолжат, колку и јас и моите соработници да сме толерантни и наклонети кон решавање на проблемите преку дијалог и демократски методи, нема да можам да ја држам ситуацијата под контрола, дека народот врие, и дека во еден момент може да му дојде преку глава, и да влеземе во нова фаза, која нема да е добра за земјата, а најмалку за оние кои глумат некакви револуционери за дебели пари и туѓи интереси“, рече Груевски на прославата во Музејот на македонската борба.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе