Шефот на украинскиот воен кабинет: Контраофанзивата не успеа

Макфакс
/ 12.12.2023 / 15:40

Украинските надежи за контраофанзива не се остварија, призна највисокиот безбедносен функционер Олексеј Данилов, кој го координира воениот кабинет на земјата.

„Ова не значи дека победата нема да биде наша“, додава тој. Киев во моментов се обидува да привлече нови пакети помош од Западот, особено во САД. Данилов смета дека барем некои воени средства „сигурно ќе дојдат“.

Во мај, во пресрет на контраофанзивата, Данилов изјави за BBC дека следните месеци претставуваат „историска можност“. Навраќајќи се на тие зборови сега, тој рече: „Во мај секој граѓанин на нашата земја сакаше војната брзо да заврши. Имаше надежи, но тие не се остварија. Фактот што ја браневме нашата земја две години е веќе голема победа“.

Украинските сили се надеваа дека повторно ќе заземат делови од територијата што Русија ја зазеде во инвазијата во февруари 2022 година, како и дека ќе ги прекинат руските линии за снабдување на Крим. Но, поради недостаток на воздушна супериорност и соочување со силна руска одбрана, нивните напори се чини дека се заглавени во зимата. Данилов сега призна дека биле премногу оптимисти: „Луѓето понекогаш грешат. Не можете да бидете одлични цел живот“, рече тој.

Тој ја опиша моменталната ситуација на линијата на фронтот како многу тешка и рече дека старите учебници за војување – вклучително и оние на НАТО – треба да се вратат во архивите.

„Никогаш немало ваква војна во нашата земја – ниту во XX, ниту во XXI век“, тврди тој.

„Можам со сигурност да кажам дека нема да запреме“, рече тој.

„Ние ќе продолжиме да се бориме за нашата слобода, за нашата независност“, додаде.

Во Украина, нов акцент е ставен на воспоставување одбранбени линии за зимата. Се верува дека Русија го опколи градот Авдијивка и врши притисок да ја преземе целосната контрола врз блиската Маринка во регионот на Донецк.

Данилов е исклучително уверен дека американската одбранбена помош ќе биде одобрена, но не сакаше да дава бројки на што може да се надева Украина. „Ако се случи да добиеме подарок пред Божик, ќе бидеме среќни со тоа. Но, ако тоа се случи малку подоцна, тогаш не треба да правиме трагедија од тоа“, рече тој.

Запрашан дали Украина ќе ја изгуби војната доколку отсуствува американската помош, тој одби да ја прифати таа можност бидејќи, како што вели, „вистината е на нивна страна“.

„Дали Путин ќе нѐ уништи пред очите на човештвото? Дали ќе ни ги убие децата, нашите жени, нашите постари? И дали целиот свет ќе гледа со затворени очи? Тогаш треба да се постави прашањето, во каков свет живееме“, вели тој.

Данилов, исто така, ги отфрли извештаите за тензии меѓу претседателот Володимир Зеленскиј и украинскиот врховен командант Валериј Залужниј. „Не потврдувам дека таквите работи кои денес се артикулираат во медиумите се реални“, рече тој.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе