Што да (НЕ) правите ако ве касне змија?

На секои неколку дена има пријава за змии и во населени места.

Почестата појава на змии во населени места укажува дека локалните самоуправи, а секако и на повисоко ниво специјализирани институции од ветеринарната област, во рамките на своите можности е пожелно да се обидат во соработка со професионалци од ветеринарната област да им помогнат на граѓаните и за одбивање од одредени површини и реони со разни еколошки средства против змии, а и со безбедно заловување во одредени случаи кога се во објекти во населени места, велат од ЦУК.

Препорачливо е внимателно движење во природа, а при средбите со диви животни да бидете смирени и да не се приближувате до животните многу блиску од љубопитност бидејќи природата нема заштитни огради како во зоолошка градина. Тие се диви животни и ако се почувствуваат загрозено, заради нивна самозаштита, може да нападнат, конкретно за одбрана на својот личен безбедносен простор, а потоа да избегаат. Носете стапови за движење во природа и низ густата вегетација пред вас да проверувате и да ги избркате змиите, секако ако ги има пред вас, а ако има случајно каснување од змија, да се повика 112.

Сите итни случаи се пријавуваат на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Алпинистички клуб „Астрајон“ од Штип објави корисни постапки за Прва помош во случај на каснување од змија.

- Регистрирајте го времето на каснување.

- Смирете ја загрозената особа која може да биде уплашена и нервозна, исто така и паника кај очевидците не е добродојдена, бидејќи може да предизвика донесување на погрешни одлуки.

- Задолжително мирување, зошто секој замор или напрегање ја забрзува циркулацијата на крв, а со тоа и ширењето на отровот во телото.

- Имобилизирајте го каснатото место (најчесто рака или нога) и внимавајте тоа да биде на пониско ниво од срцето, тоа ќе го забави разнесувањето на отровот. Повредениот го транспортираме во лежечка положба. Ако каснувањето е на раката што побрзо треба да се тргнат прстени, часовници и нараквици бидејќи брзиот развој на отокот може да предизвика прекин на циркулацијата на дланката.

- Побарајте медицинска помош колку што може побрзо.

- Кога транспортот до болница е долг, смееме на повредениот да му дадеме течност преку уста, за да се избегне дехидрација, но не смееме да даваме кафе, чај и алкохол. Забрането е давање на течности на особата која е без свест бидејќи со тоа може да се задуши.

„Неопходна е медицинска помош по секакво каснување од змија, освен ако сте апсолутно сигурен дека змијата што ве каснала не е отровница. Дури каснувањата од неотровници треба да бидат обработени професионално, бидејќи можат да предизвикаат сериозни алергиски реакции“, вели Бобан Стојанов од Алпинистички клуб „Астрајон“.

реклама

10 апарати во домот поради кои ви растат сметките за струја

Read more

Наместо 15 години работен стаж, да се добива пензија со 5 години работно искуство, предложија пензионерите

Read more

Судбински пресврт за 3 хороскопски знаци во јули

Read more

Топ 5 најдобри половни автомобили до 5.000 евра

Read more

Македонија

Таравари ќе бара мораториум за одредени специјализации за да се стимулираат онколози и патолози за кои има недостиг

Read more

Во кои училишта се препишувало најмногу на полагањето државна матура?

Read more

Мицкоски најави нова инвестиција со која ќе бидат вработени над 110 граѓани

Read more

Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност

Read more
 

Вести

Орбан и Путин се сретнаа, разговараа за Украина

Читај повеќе

Заврши сослушувањето на новите сведоци во истрагата за убиството на Данка Илиќ

Читај повеќе

Лежалките во прв ред до море во Грција и до 60 евра

Читај повеќе

Таравари ќе бара мораториум за одредени специјализации за да се стимулираат онколози и патолози за кои има недостиг

Читај повеќе

Во кои училишта се препишувало најмногу на полагањето државна матура?

Читај повеќе

Кој е Кир Стармер, новиот британски премиер?

Читај повеќе

Нов гаф на Бајден: Горд сум што сум првата црна жена...

Читај повеќе

Мицкоски најави нова инвестиција со која ќе бидат вработени над 110 граѓани

Читај повеќе

Путин: Никогаш не би се согласил на примирје без одредени предуслови

Читај повеќе