Што е Каракалпакстан и зошто има немири во Узбекистан?

Деновиве сите медиуми низ целиот свет, вклучително и нашите, известија за избивањето на граѓански немири во Република Каракалпакстан, место на планетава кое ретко кој го имаше слушнато.

Кој би знаел дека Узбекистан, држава во Централна Азија, има своја автономна република која според Уставот има право и на отцепување. Узбекистан има територија од 448,978 km² на која живее население од 35.300.000 од кои дури 84.4% се етнички Узбеци. Но, западниот дел на земјата, односно нешто над една третина од вкупната површина (37,1%), ѝ припаѓа на автономната република Каракалпакстан (Qaraqalpaqstan). Има површина од 166.590 km² и всушност го зафаќа историскиот регион Харезм, или Хорасмија, кој во класичната персиска литература е нарекуван Кат. Речиси целиот овој предел е пустинска земја. На север и запад граничи со Казахстан, додека на југ со Туркменистан. Го зафаќа јужниот дел од речиси пресушеното Аралско Море, а низ него тече познатата река Аму Дарја.

Каракалпакстан од дамнина бил населен од домородното туркиско население Каракалпаци. Во 1873 година целата територија паднала под руска царска власт, а потоа добила автономен статус за време на советското владеење, сѐ до 1936 година кога била инкорпорирана во Узбекистан, исто така тогаш дел од СССР.

Денес во оваа република живеат 1.948.488 жители, но проблемот за Каракалпаците е што се само една третина во својата земја со вкупно 32,2%. Буквално ист е процентот и на Узбеци, а има и 28,6% Казаци. Останатите се мали проценти и тоа Туркмени 3,3%, Татари 1,2%, Руси 1,1% и други 0,8%. Главен град е Нукус со 329.100 жители.

Музеј во главниот град Нукус

Каракалпачкиот јазик е посебен јазик кој припаѓа на туркиските јазици и е многу поблизок до казашкиот отколку до узбечкиот. До 1996 година бил пишуван со модифицирано кирилично писмо, а оттогаш ја користи латинската азбука.

Право на отцепување

Иако е единствена република во територијалната поделба на Узбекистан, кој има и 12 региони и 1 независен град, Каракалпакстан располага со големи права при носењето на одлуки во Узбекистан. Располага со моќ на вето за сите одлуки на државно ниво. Според Устравот, односите на релација Каракалпакстан - Узбекистан се „регулирани со спогодни и договори“, додека несогласувањата „се решаваат на начин на помирување“.

Каракалпакстан има право на отцепување, но делумно, бидејќи узбекистанската Влада располага со право на вето по ова прашање. Уставот на Узбекистан вели дека „Републиката Каракалпакстан има право да се отцепи од Република Узбекистан врз база на национален референдум одржан од страна на луѓето на Каракалпакстан“.

Знамето на Каракалпакстан
Одземање на правата и немири

Годинава узбекистанската Влада предложи уставни промени со кои на Каракалпакстан ќе му биде одземена автономијата и правото на референдум за отцепување, со цел да се спречи идна појава на сецесионистички идеи. Поради ваквите промени Каракалпаците излегоа на масовни протести по што Владата одлучи да ја тргне иницијативата и да не го менува статусот на Каракалпакстан.

Досега е потврдено дека во немирите загинале 18 лига, додека 243 побарале медицинска помош од почетокот на минатата недела кога избија немирите. Приведени се и 516 демонстранти. Узбекистанскиот претседател Шавкат Мирзијојев синоќа воведе вонредна состојба во републиката, што ќе остане во сила до 2 август.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе