Што ќе понуди „Сонот на облачето“ на последната фестивалска вечер?

Последната вечер на Интернационалниот детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“ ќе понуди возбудливи содржини.

Со почеток во 18 часот во МКЦ, работилницата на Караѓоз мајсторот Џемал Фатих Полат од Турција, ќе им даде на децата уникатна можност да ги применат традиционалните техники за изработка на Караѓоз кукли за сенки стари над 650 години.

Фестивалската вечер ќе биде заокружена со премиерната изведба на претставата „Колку е часот“ во 19 часот од страна на организаторот на фестивалот Театар „Сенки и облаци”. Интересна приказна за Старо Купувам, девојчето Сара и еден старински часовник кој пак чука во некое си чудно време, два пати тик, еднаш так! Чие ли време покажува тој? За да дознае, Сара заминува на незамислива авантура, а по пат ќе си најде новo другарче.

Како единствен фестивал од овој тип во поширокиот регион, „Сонот на облачето“ успешно придонесува кон интернационална и локална афирмација на театарот на сенки, а воедно е и една од ретките манифестации кај нас што во континуитет прикажува претстави од странска продукција пред детската македонска публика.

Организатор на фестивалот е Театар „Сенки и облаци“, кој со поддршка од Министерството за култура на С.Р.М., Градот Скопје, МКЦ, Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, Амбасадата на Италија во Скопје, Српскиот културно информативен ценатр СПОНА и Институтот „Јунус Емре“ во Скопје ќе ѝ овозможат на најмладата публика да ужива во несекојдневните спектакли со сенки.

Учеството на работилниците е бесплатно со задолжително претходно пријавување. Билетите се во продажба на билетарницата на МКЦ по цена од 250 денари, како и онлајн на https://bileti.mkc.mk/.

реклама

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалицирање со партиите – во фокусот се 3 точки

Read more

Пораките на келтски за Палестина не ја измамија Евровизија - Бамби морала да ги тргне

Read more

Култура

Симфонија на трајни вредности: концерт на Мизар и Хармосини во Македонска филхармонија

Read more

Објавен конкурсот за поетската награда „Млада Струга“ за 2024 година

Read more

Разговор со поетесата Д.A. Лори вечерва во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје

Read more

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Read more
 

Вести

Нетанјаху по најавата на Бајден дека ќе престане да испраќа оружје: Ќе се бориме со нокти

Читај повеќе

На парадата на Путин само еден тенк, луѓето се потсмеваат: Па, барем вози

Читај повеќе
  • filter

Голем протест во Шведска: Не го сакаат Израел на Евровизија, меѓу демонстрантите и Грета

Читај повеќе

Симфонија на трајни вредности: концерт на Мизар и Хармосини во Македонска филхармонија

Читај повеќе

Груевски ја честита победата на ВМРО-ДПМНЕ: Мнозинството ги казни политиките што ги постави Заев

Читај повеќе

Ги прскала со вода за да ја намалат вревата во Гази Баба, а тие со лименки фрлале кон неа и ја повредиле

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалицирање со партиите – во фокусот се 3 точки

Читај повеќе
  • play_arrow

Украина изведе најдлабок напад во Русија, погоди рафинерија оддалечена 1.500 км

Читај повеќе

Маричиќ: Оставаме во наследство подобра држава од онаа што ја затекнавме, но не доволно добра за очекувањата на граѓаните

Читај повеќе