Што треба да знаете пред да купите нови зимски гуми?

Во пресрет на сезоната кога задолжително треба да носите зимска опрема, многу е важно да бидете добро информирани пред да направите избор на зимски гуми.

Веќе ве информиравме кои се најдобрите зимски гуми, согласно резултатите од тестирањето на 10 брендови на гуми што го направи Auto Express.

Како возачи, треба да знаете и како да ги изберете, но и како оптимално да ги користите и чувате гумите за да ви траат подолго.

Заштеда на гориво

Здравиот разум вели дека помалиот отпор на тркалање ќе резултира со помала потрошувачка на гориво. Од друга страна, помалиот отпор може да се преведе како полош грип на гумата, а со тоа и полоши својства во поглед на динамика. И тоа е донекаде точно, но не треба да ве загрижува бидејќи се работи за нијанси за кои е потребно да имате големо возачко искуство, храброст и спортски движења што се својствени за тркачките стази, а не за улиците и патиштата.

Затоа, слободно следете ги ЕУ налепниците со симбол за бензинска пумпа – колку помалку енергија е потребна, толку помала е потрошувачката на гориво. Заштедата на гориво има оцена од А до G на бојата означена на скалата, а разликата меѓу крајните вредности е до 7,5% од вкупната потрошувачка на возило. Едноставно кажано, правилниот избор на гуми може ќе ве чини малку повеќе, но ќе ви донесе заштеда и до 1 литар гориво на 100 поминати километри.

Совет плус: Со оглед на тоа дека една петтина од потрошувачката на гориво отпаѓа на отпорот на тркалање, јасно е дека не треба да возите во лето со зимски гуми. Покрај тоа што драстично ќе го скратите траењето на гумите, тие дополнително ќе се лепат за жешкиот асфалт и ќе се зголеми потрошувачката на гориво.

Како се грижите за гумите?

Ако добро се грижите за гумите, правилно ги складирате и користите, ќе ви траат без проблем неколку сезони.

Чистењето на гумите се подразбира, но не со пресилен млаз вода, агресивни детергенти или средства за сјај. Во поглед на складирањето, важно е да се затворени во темен простор со природна вентилација и минимално одвојување од подлогата. Ако гумите немаат бандажи, свртете ги вертикално, а ако имаат – легнете ги хоризонтално.

Имајте предвид дека гумите најмногу се оштетуваат со возењето, односно начинот на кој возите. Ако нагло кочите и забрзувате, возите по оштетени патишта и невнимателно се паркирате, ваквите лоши навики може значително да го намалат животниот век на вашите гуми.

Совет плус: Ако не се грижите правилно за гумите, ќе мора да ги менувате веќе следната сезона и тоа без разлика на поминатата километража. Тоа е навистина штета, бидејќи добрите гуми со добра грижа може да ви траат со години. Роковите се различни, па некои производители тврдат дека гумите може да ви траат и до 6, па и 10 години.

реклама

10 вежби за слабеење кои секој може да ги прави дома

Read more

Сенатот го поддржа Трамп: Едногласно гласаше за забрана на TikTok

Read more

КОВИД умор: Дали и вам ви е смачено од пандемијата?

Read more

200 нови случаи на коронавирус од 1.828 тестирања

Read more

Авто новости

Забавен тизер за Ford Puma ST, деби во септември

Read more

Кој е Томас Шeјфер, новиот шеф на Škoda?

Read more

Ретка ѕверка: Zagato IsoRivolta GTZ ќе се произведе во само 19 примероци

Read more

Sony ќе тестира електричен автомобил

Read more

Автомобили

  • play_arrow

Забавен тизер за Ford Puma ST, деби во септември

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој е Томас Шeјфер, новиот шеф на Škoda?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Ретка ѕверка: Zagato IsoRivolta GTZ ќе се произведе во само 19 примероци

Читај повеќе
  • play_arrow

Sony ќе тестира електричен автомобил

Читај повеќе
  • filter

Суперспортскиот модел на Mercedes сега развива 530 коњски сили

Читај повеќе
  • filter

Поглед во освежениот BMW M5

Читај повеќе

Елон Маск: Tesla автомобилите се прескапи, потребен е поевтин модел

Читај повеќе

Nissan го подготвува новиот електричен SUV

Читај повеќе

Mitsubishi прекинува со испораката на нови модели во Европа

Читај повеќе