Сијарто: Само Трамп може да ја запре војната во Украина

Министерот за надворешни работи на Унгарија, петер Сијарто, вели дека само доколку Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД ќе може да се стави крај на војната во Украина.

Враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа би било најава за „мирна иднина“, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. Тој и премиерот Виктор Орбан веруваат дека победата на Трамп на претседателските избори во САД во 2024 година ќе биде клучна за решавање на конфликтот во Украина.

„Ако претседателот Трамп победеше на последните претседателски избори овде во САД, оваа војна немаше да избие“, изјави синоќа Сијарто за Newsmax, американски конзервативен радиодифузер.

„За време на мандатот на претседателот Трамп, немаше руски напади против никого“, објасни Сијарто, додавајќи дека Унгарија гледа „на неговото можно враќање во Белата куќа како надеж за мирна иднина“.

Додека главните републиканци се наредија за да ја поддржат политиката на американскиот претседател Џо Бајден за неопределена воена помош за Украина, Трамп и мал број негови приврзаници во Конгресот го обвинија Бајден дека поттикнува глобална војна со тоа што продолжува да ги отфрла мировните разговори додека праќа потешко оружје кон Киев.

Трамп тврди дека конфликтот никогаш немаше да започне доколку тој беше претседател и дека би можело „таа војна да се реши за еден ден“ доколку биде избран во 2024 година.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, исто така, тврди дека конфликтот немало да се случи доколку Трамп сѐ уште беше на власт. „Сигурен сум дека доколку претседателот Трамп беше претседател денес, немаше да има војна што ќе ги погоди Европа и Украина“, рече Орбан минатиот месец во Будимпешта. „Вратете се, господине претседателе, направете ја Америка повторно голема и донесете ни мир“.

Орбан не крие дека го поддржува Трамп. Во пресрет на појавувањето на Трамп пред судот во Њујорк за да се соочи со обвиненијата за финансирање на кампањата минатиот месец, Орбан се огласи на Twitter за да го повика борбениот републиканец „да продолжи да се бори“, додавајќи „ние сме со вас“. Години претходно, унгарскиот премиер беше првиот странски лидер што ја поддржа успешната кампања на Трамп во 2016 година и ја поддржа кандидатурата за реизбор на Трамп во 2020 година.

Сијарто имаше сличен тон во вторникот. Откако Трамп беше изведен на Флорида и обвинет за неправилно постапување со доверливи документи тоа попладне, Сијарто изјави дека Унгарците „ги вкрстуваат прстите за него“.

„Под негово водство имавме најдобри политички односи меѓу САД и Унгарија“, изјави тој за Newsmax. „Тој е вистински пријател и како вистински пријател може да смета на нас во секоја ситуација“.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе