Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Силен земјотрес со интензитет од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди источниот брег на Јапонија. Епицентарот на земјотресот бил во префектурата Фукушима на 67 километри од градот Иваки. Властите издадоа предупредување за цунами, кое подоцна било повлечено. Во областа биле регистрирани бранови во висина од еден метар.

Десетина луѓе се повредени, а стотина евакуирани, како последица на силниот земјотрес (7,4 степени според Рихтер) кој го погоди источниот јапонски брег во префектурата Фукушима.

Јапонските власти издадоа предупредување за цунами, кое подоцна беше повлечено, откако најаваните бранови од три метри, во областа на Фукушима достигнале висина од најмногу еден метар.

Поради земјотресот, во еден момент бил запрен процесот во нуклеарната централа Фукушима, во делот каде се одложува потрошеното гориво, но по неколку часа нуклеарката продолжила да работи со целиот капацитет.

Портпаролката на Компанијата за електрична енергија информирала дека земјотресот не предизвикал штета во ниту една од електраните со кои управува компанијата.

Овој регион во март 2011 година го погоди силен земјотрес кој предизвика цунами, но и сериозни оштетувања во нуклеарната централа Фукушима. Тогаш од земјотресот и цунамито загинаа околу 16.000 луѓе, а 2.500 сè уште се водат за исчезнати. 

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=eER-kApPOLM]

 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе