Симовски: Ние во студиово полесно можеме да се заразиме отколку граѓаните на пописот

Скопје, 25 март 2021 (МИА) –  Дали има правна основа за казни околу неучество на пописот треба да одговорат правници, но јас сум и за повеќе од кривична одговоност затоа што одбивањето попис е класично несакање на државата, неучеството во пописот ќе донесе само штетни последици, особено ако тоа е заради остварување на политички цели. Апелирам сите да се попишат затоа што преку пописот ние мораме да ја креираме иднината, врз основа на квалитетни резулатати да носиме квалитетни решенија, стратегии, а не врз база на интуиции. Секој што сака развојна политика мора да има релевантна информација, а пописот овозможува низа информации, важни за стопанството, здравството, образованието, развојот на науката и слично, изјави директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски, во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5.

Симовски додаде дека со стари информации од пред 20 години државата оди во погрешен правец. Тој посочи дека ниту еден инвеститор нема да инвестира ако нема информации за пазарот, за структурата на работниците, за средината во која сака да инвестира.

Според него попишувањето може да се одвива на отворен простор, на дистанца, со маски. И направи споредба со примери од праксата.

-Одбивањето на пописот е прекршочно дело, но хушкањето е сосема друго, тоа е кривично дело. Ние сега седиме тројца во студиото на метар и половина со маски. Попишувачот ќе биде и повеќе од два метра, со маска, а со маски ќе бидат и домаќините. Плус може да се попишуваат и надвор, и на тераси и во дворови. Да не зборувам дека сите одиме во маркети, на пазари и на други јавни локации. Значи ние сега во студиото сме повеќе изложени на заразата, отколку што ќе бидат попишувачите и граѓаните, додаде Симовски.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе