Симовски: Пописот би се одложил само ако препорача Комисијата за заразни болести

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, денеска изјави дека пописот би се одложил само ако Комисијата за заразни болести процени дека не е безбедно тој да се спроведува.

– Единствените коишто можат да предложат одложување на пописот поради ковидот е Комисијата за заразни болести, ако оценат дека ситуацијата е таква да не може да се контролира, треба да дадат препорака до Владата за да се донесе таква одлука, изјави Симовски за телевизија Канал 5.

Тој вели дека процедура е таква и оти Комисијата одлучува за тоа, па Државниот завод за статистика (ДСЗ) во тој дел не може ништо да влијае.

– Ако даде препорака, оди во процедура, на Кризниот штаб, па на Влада. Меѓутоа за да ние евентуално одложиме треба на крајот да се промени и Законот, што значи измена на законското решение, а тоа е огромна процедура, оценува Симовски.

Вели дека ДЗС ја следи целата ситуација и евентуално ако Комисијата донесе препорака и таа се процесуира, тие ќе ги почитуваат сите тие работи, но во моментот Заводот не може, а ниту има овластување да оценува што било и да бара какво било одложување.

Во меѓувреме, официјална Facebook страница за претстојниот Попис 2021 во Република Северна Македонија, објави дека се шират дезинформации оти во домаќинствата ќе влегуваат тројца или четворица попишувачи.

„Ја молиме јавноста да не наседнува на овие провокации кои се надеваме се поради непознавање на Методологијата за спроведување на #Попис2021. Имено, во секое домаќинство попишувањето ќе го прави 1 (еден) попишувач.

Притоа, потенцираме дека мерките за здравствена заштита се од апсолутно највисоко ниво и истите можат да се погледнат на следниот линк: http://popis2021.stat.gov.mk/Upatstva/Covi19Protokol_mk.pdf“, се наведува во објавата на официјалната страница Попис 2021.

Инаку, до утрово до 8:30 часот преку апликацијата за самопопишување се евидентирани вкупно 47.794 лица.

🛑 Забележуваме ширење на дезинформации дека во домаќинствата ќе влегуваат тројца или четворица попишувачи. Ја молиме...

Posted by Попис 2021 on Thursday, March 11, 2021
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе