Синдикалците одржаа протести, Владата вети поголеми плати

Скопје, 2 мај 2018 (МИА) - Синдикалните здруженија од земјава вчера со протестни маршеви во Скопје го одбележаа Први мај, Меѓународниот ден на трудот.

Маршевите ги почнаа на различни локации, но се сретнаа пред Собранието на Република Македонија од каде заедно продолжија до Владата.

Најпрво упатија пораки за унапредување на работничките права, ги прочитаа своите барања, а потоа и официјално ги доставија до Владата.

Поголема плата, сигурни работни места, регрес за годишен одмор, стоп за мобингот и за зголемувањето на старосната граница за пензионирање, се дел од 15-те синдикални барања.

Во меѓувреме, додека траеа протестите, Владата одржуваше седница на Економско-социјалниот совет.

По седницата на која присуствуваа и претставници од синдикалните здруженија и од работодавачите, премиерот Зоран Заев соопшти дека се подготвува нова мерка за зголемување на платите.

Во врска со барањата на синдикатите, Заев изрази уверување дека дел од нив, како што рече, се остварливи.

- Синдикатите се заштитиници на нашите работнички права. Генерално ги поддржувам сите нивни заложби и согласно можносите на Владата, перформансите и капацитетите, верувам дека се остварливи. Преку дијалог ќе треба да дојдеме до решенија, истакна Заев на прес-конференција по сдницата на Советот.

Првомајскиот марш се совпадна со 110-годишнината од синдикалното движење и организирање во Македонија. Неколку години наназад, почнувајќи од 2010 година, ССМ со претходното раководство го одбележуваше 1 Мај со кампањи за одредени области од заштитата на работничките права и како резултат на тоа беа иницирани и донесени неколку законски решенија како Законот за мобинг, измените на Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за минимална плата.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Read more
 

Вести

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе