СЈО бара на две лица осомничени во „Тендери“ да им се одземат пасошите

Специјалното јавно обвинителство бара на две лица осомничени во случајот „Тендери“ да им се определат мерки за претпазливост.

Ниту од Основниот суд Скопје 1, ниту од Специјалното јавно обвинителство не соопштуваат дали за Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска се бараат мерки за претпазливост.

Осомничените за кои се бараат мерки за претпазливост треба да се јавуваат еднаш неделно, секој вторник во 10 часот кај определено службено лице во Основниот суд Скопје 1 Скопје.

Освен тоа СЈО бара да им се одземе патната исправа поради постоење на околности кои упатуваат на опасност од бегство.

Случајот „Тендери“ се однесува на  изведување на градежни работи на Музејот за македонска борба и државност, од страна на градежното претпријатие „Бетон“, кое било фаворизирано, осомничена е Канческа - Милевска и тројца  членови на Комисија за јавни набавки од министерството.

За случајот „Топлик“, односно за продажбата на земјиштето за „Сончев град“ во кој е осомничен поранешниот Министер Јанакиески и пет лица членови на комисијата од ова Министерство за спроведување јавни набавки се побарани мерки за претпазливост.

Од Основниот суд Скопје 1 велат дека мерките за претпазливост се распоредени кај Судија на претходна постапка и дека тој треба да ги викне лицата за да се произнесат по предлогот за да донесе одлука дали ќе ги прифати мерките кои ги бара СЈО.

Инволвираните сториле кривични дела со што грубо ги повредиле јавните набавки и го оштетиле Буџетот на Македонија за по над еден милион евра.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе