СЈО ги обжали одлуките за парични казни за Јанева и за Фетаи

Специјалното јавно обвинителство поднесе жалби на изречените парични казни за Катица Јанева и за Фатиме Фетаи, при судењето за случајот „Пуч“, кога беа казнети со 4.000 евра поради непочитување на судот.

„Денеска до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесени се жалби против одлуката на Судот со која на мене и на јавниот обвинител Фатиме Фетаи ни беа изречени парични казни. Сметаме дека одлуката е незаконска, поради што го искористивме правото на жалба“, се вели во изјавата на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Воедно, од СЈО известија дека против судиите Александра Поп Стефанија и Лидија Петровска до Советот за утврдување на факти се поднесени иницијативи – претставки за утврдување на нестручно и несовесно вршење на судската функција.

„Во оваа прилика сакаме да укажеме и на несоодветната соработка на Здружението на јавните обвинители на Република Македонија со ова Јавно обвинителство. Имено, од страна на Здружението на јавни обвинители оневозможено е на Годишното собрание на Здружението да присуствуваат тројца претставници на ова Јавно обвинителство. Така, дописот со кој се известуваме за одржување на Собранието е од 13.02.2017 година, а е испратен преку препорачана пратка во пошта на ден 24.02.2017 година во 12:13 часот, иако самата седница на Годишното собрание е закажана токму за 24.02.2017 година со почеток во 12:30 часот“, соопштија од СЈО.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе