СЈО подигна дел од податоците од УБК

Обвинителите и истражителите од Специјалното јавно обвинителство (СJO) попладне ја напуштија Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), откако обезбедија дел од податоците и документите што им беа потребни.

Во официјалното соопштение на СЈО се посочува дека одземени се сите наредби за „Посебни истражни мерки“ (ПИМ) за следење на комуникациите и книгите за евиденција, како и бараните компјутерски податоци од системот за следење на комуникација. Се додава дека останува да се изврши дополнително одземање на компјутерските податоци за кои е потребна асистенција од надворешен експерт и оти очекуваат во наредниот период да се изврши и тој дел од наредбите, со што СЈО ќе ги комплетира сите информации кои им се потребни за да истражат кој прислушувал и кој бил прислушуван.

Службениците на СЈО пред два дена влегоа во УБК со налог од Кривичниот суд и ги побара сите податоци за броевите кои биле маркирани во УБК и кои се прислушувале во период од 2008 до 2015 година.

Според специјалната обвинителка Ленче Ристоска добиени се книгите во кои се евидентирани сите издадени ПИМ мерки, заедно со компјутерските податоци.

Исходот следува откако претходно истражителите и обвинителите од СЈО во средата попладне влегоа во УБК со судски налог. Едниот, за обезбедување на службена документација, што се однесува на издадените ПИМ мерки заедно со книгите за евиденција и вториот, за одземање на компјутерски податоци. Од СЈО сега велат дека ќе обезбедат експерт којшто ќе ги преземе податоците.

Во меѓувреме, двајцата техничари од УБК кои единствено имаа пристап до податоците се вратија во земјата. Од Специјалното јавно обвинителство на последната прес-конференицја соопштија дека центар на нивниот интерес се телефонски разговори што се снимани со „Посебни истражни мерки“ во периодот од 2008 до 2015 година. Тие се суштински за да може да се открие кој прислушувал и зошто.

реклама

Македонија

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Read more

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Read more

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Read more

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Read more
 

Вести

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе

Во мај уште еден продолжен викенд

Читај повеќе

Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

Времето денеска сончево, од среда пороен дожд и грмежи

Читај повеќе