Скарлет Јохансон и Ченинг Тејтум ве носат на Месечината во филм за настанот од 1969

Деновиве беше објавена првата најава за новиот романтичен филм на AppleTV+ продукција, кој е сместен во 60-тите и раскажува за лансирањето на мисијата Apollo 11 за време на која луѓето прв пат слетаа на Месечината. Во главните улоги се Ченинг Тејтум и Скарлет Јохансон.

„Fly Me to the Moon“ е романтична комедија со Јохансон (Џохенсон) и Тејтум во главните улоги, сместена во 60-тите години која на големото платно го носи гламурот на вселенската трка, олд скул романсата и винтиџ модата од ерата.

Remote video URL

Приказната започнува кога НАСА решава да ја ангажира Кели Џонс, остра и провокативна креативна директорка, за да го подобри нивниот јавен имиџ, но нејзиниот пристап го отежнува Кол Дејвис, резервираниот и суеверен директор задолжен за подготовка на мисијата Apollo 11. Откако мисијата сепак е успешно лансирана, во играта се вклучува и Белата куќа, која бара од заљубениот пар итно да лажира слетување на Месечината бидејќи не смеат да дозволат мисијата да пропадне по никоја цена...

Режисер на филмот е Грег Берланти (суперхеројските серии „Arrow“, „The Flash“, „Supergirl“, „Titans“, „Superman & Lois“, романтичната комедија „Life As We Know It“ и романтична драмедија „Love, Simon“).

Скарлет Јохансон, најпрофитабилната актерка ако се погледне вкупната кино заработка од филмовите во кои глумеше, е ценета по нејзината актерска широчина - мегапопуларната франшиза „Avengers“, оскаровската романтична драма „Marriage Story“, научно-фантастичниот спектакл „Lucy“, психолошкиот трилер „Prestige“ се само дел од насловите. Од друга страна, Ченинг Тејтум стана икона на комедиите по успехот на филмовите 21 и 22 „Jump Street“, но тој статус го задржа и со улогите во романтичната авантуристичка комедија „The Lost City“, шпионската акциона комедија „Kingsman“, а додаде и статус на секс симбол со улогата во филмскиот серијал „Magic Mike“.

Во филмот глуми и Вуди Харелсон („True Detectiv“, „Venom 2“, „Zombieland“, „The Hunger Games“, „Three Billboards Outside Ebbing“) како манипулативен владин човек кој ја носи Кели во НАСА и ја надгледува целата мисија. Тука е и Реј Романо („Everybody Loves Raymond“, оригинален глас на Мени во серијалот „Ice Age“, филмот „The Irishman“) кој глуми добронамерен и симпатичен советник на Кол Дејвис.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Филм & ТВ

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Read more
 

Сцена

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе