Скокна кинескиот увоз на руска нафта

Кинескиот увоз на сирова нафта од Русија скокна на рекордно ниво во мај, додека Саудиска Арабија го загуби статусот на главен снабдувач на Кина.

Според податоците на кинеската царина, увозот на руска нафта, вклучително и онаа што се транспортира со ESPO (цевководот Источен Сибир-Тихи Океан) и прекуокеанските пратки од руските европски и пристаништа на Далечниот Исток, изнесуваше речиси 8,42 милиони тони во мај.

Тоа е приближно 1,98 милиони барели дневно и повеќе од априлскиот дневен просек од 1,59 милиони барели.

Кинеските компании, вклучително и државната рафинерија Sinopec  и државната Zhenhua Oil, го зголемија купувањето на руска нафта привлечено од големите попусти откако Западот воведе санкции кон Русија.

Саудиска Арабија стана вториот најголем добавувач со зголемен обем за девет отсто на годишно ниво во мај, на 7,82 милиони тони или 1,84 милиони барели дневно, што е помалку од 2,17 милиони во април.

Така Русија го зазеде првото место по 19 месеци.

Царинските податоци објавени во понеделникот, исто така, покажуваат дека Кина минатиот месец увезла 260.000 тони иранска сирова нафта.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Бизнис

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе