Скопјанец претепан и оставен пред казино без свест

Петмина напаѓачи, од кои двајца носеле униформи на агенција за обезбедување, во четвртокот околу 15 часот претепале жител на скопското село Рашче во кафе бар во трговскиот центар Лептокарија.

Како што пријавил нападнатиот, тој и ќерка на негов пријател отишле во кафе бар во Лептокарија за да разговараат за вработување. 

Додека стоеле на летната тераса, во кафе барот влегле три лица, кои нападнатиот ги идентификувал, заедно со двајца обезбедувачи.

Без повод и причина почнале да го удираат со тупаници и пендреци во пределот на главата и телото. Кога паднал на земја без свест продолжиле и со клоци да го удираат по целото тело. Потоа го изнеле од кафе барот и го однеле зад едно казино. 

Кога пристигнале полициски службеници на местото на настанот повикале Брза помош, која го пренела триесет и едногодишниот скопјанец во Ургентен центар, каде му биле констатирани повреди во пределот на главата, телото и десната нога. Направен е записник и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Ноќеска во Ургентниот центар со тешки телесни повреди бил примен уште еден дваесет и седумгодишен скопјанец кој, исто така, бил претепан во трговскиот центар Чаирчанка. Полицијата работи на расчистување и на овој случај.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Хроника

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Read more

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Read more

Над 150 пијани возачи затекна полицијата на 1 Мај

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе