Триесет и двегодишен скопјанец вчера бил примен во болница во несвесна состојба. Според информациите на МВР, тој си пукал во глава.
Вчера околу 8:50 часот во Ургентниот центар – Скопје бил донесен А.А. (32) од Скопје, кој имал повреда од огнено оружје во пределот на главата.
„Истиот ден околу 8 часот тој се симнал во подрумските простории на куќата во која живеел и си пукал во главата со огнено оружје. А.А. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар – Скопје во неконтактибилна состојба“, соопшти МВР.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР- Скопје.