Скопјани во паника по нова серија земјотреси, од становите се преселија во парковите

Серијата силни земјотреси што денеска го погодија скопскиот регион, ги натера скопјани панично да ги напуштат своите домови и привремено да се засолнат во блиските паркови.

По првиот утрински земјотрес, што се случи нешто пред седум часот, кој беше со јачина од 3,9 степени, граѓаните истрчаа веднаш во дворовите и парковите, но подоцна се вратија дома бидејќи во некои делови на градот започна да врне ситен дожд.

Втор силен земјотрес се случи попладнево во Скопје околу 15:10 часот, со јачина од 5,2 степени на Рихтер, според официјалната интернет страница на светската земјотресна опсерваторија EMSC. Епицентарот на потресот бил на длабочина од 4 километри на 6 километри источно од Скопје, 7 километри североисточно од Сопиште и 4 километри од Усје. 

Втората серија потреси внесе дополнителна вознемиреност кај скопјани, па сега речиси низ целиот град парковите околу зградите се преполни со луѓе, со мали деца, изнемоштени и стари лица, кои ги напуштија повисоките катови на зградите и сега немаат смелост да се вратат.

Кај некои објекти се вклучија и алармите, што дополнително ја зголеми загриженоста.

Заради земјотресот, беа оптоварени и телефонските врски, па потешко се добиваше конекција, бидејќи луѓето постојано се јавуваат до своите блиски за да прашаат како се. 

 

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Read more
 

Вести

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе